Најнови вицеви

Една мајка подготовила торта за тројцата свои синови, но без да сака турнала неколку топченца од детските пиштоли во тестото за тортата.
Проценила дека тоа нема значење и продолжила да ја прави тортата. Подоцна во текот на денот синовите ја изеле тортата и не ги забележале топченцата.
Следниот ден додека мајката читала списание, кај неа истрчува најмалиот син.
– Мамо, мамо, – рекол тој – измочкав едно топченце.
– Се е во ред, сине – одговорила мајката. – Случајно ми паднаа неколку топченца додека ја правев тортата.
По неколку минути истрчал и средниот син и се свртел кон мајка си:
– Мамо, мамо…
– Знам, синко, – го прекинала мајката – си иѕмочкал едно топченце. Се е во ред, пуштив неколку топченца додека ја правев тортата.
Тогаш и најстариот син дотрчал во собата, а неговата мајка директно почнала:
– Знам, синко, и ти исто така си иѕмочкал топченце…
Но, тогаш најстариот син ја прекинал:
– Не, мамо, сакав да ти кажам дека како mactуpбиpa го застрелав кучето…
Доаѓа студент на предавањe, бара слободно место и седнува до професорот.
Професорот надмено вели:
– Птиците и свињите не седат заедно.
– Во ред, тогаш јас ќе одлетам. – се преместил студентот.
Професорот се изнервирал и решил да го бутне на испит.
Доаѓа време за полагање. Студентот оди и одговара за десетка. Професорот му поставува последно трик-прашање:
– Одиш по улица и гледаш две торби, во едната има памет, а во другата пари. Која торба ќе ја земеш?
– Со парите, професоре.
– Јас, пак, би го зел паметот. – остро рекол професорот.
– На кого што му фали, тоа ќе си земе. – му одговорил студентот.
– Во просторијава има еден голем идиot! – свикал професорот.
– Но, добро е што барем си признавате. – одговорил студентот полн со разбирање.
Професорот нервозно го зел индексот и во него напишал само ГОВЕДО.
Студентот го земал индексот и излегол. После една минута се вратил и мирно рекол:
– Извинете професоре, овде само сте се потпишале ама не сте ми ставиле оцена.