Најнови

Седнуваат маж и жена во елитен ресторан да вечераат!
По извесно време во ресторанот влегува згодна девојка, се упатува кај мажот и му седнува во скутот:
- Па каде си љубов моја, те нема да се јавиш 7 дена, не си дојден не памтам од кога, кога ќе се видиме, јави ми се обавезно, станува и си оди!
Жената го прашува својот маж:
- Која ти е оваа?
Мажот мртов ладен одговара:
- Швалерка!
Жената шокирана:
- Ѓубре едно, зар пред моите очи, утре барам развод, оди во п. М.
А мажот :
- ОК! Утре добиваш развод но сфати го следново, кога ќе се разведеш, нема летување во Грција, Шпанија, Египет, Хаваи, Кариби... нема зимување на Алпите, Копаоник... нема скапи коли, јахти, шопинг, накит, шминки, вечера во скапи ресторани...
Жената замолчува.
После неколку минути во ресторанот влегува нивниот познаник, но не со жената туку со згодна девојка!
Кога го виде, жената го прашува својот маж:
- Која е онаа?
На тоа мажот одговара:
- Неговата швалерка!
А жената ни 5 ни 6 вели:
- Нашата е поубава!