Најнови вицеви

Влегува еден човек во бар, каде наместо бармен стоел робот зад шанкот. Оди човекот на барот, а роботот го прашува:
- Колкав е Вашиот IQ?
-150 – рекол човекот.
Роботот веднаш му налева 16-годишно виски и започнува разговор за глобалното затоплување, квантна механика, нанотехнологиите итн.
Човекот бил многу импресиониран и следниот ден решил да го тестира роботот.
Кога роботот го прашал за неговото IQ – тој кажал 80.
Веднаш роботот му сервирал пиво и почнал муабет за фудбал, карти, омилени јадења, жени итн.
Така заинтригиран, човекот се вратил и трет ден.
Тогаш на роботот му кажал дека има IQ е 0.
Роботот, без да го праша, му налева една ефтина жолта ракија и го прашува:
- И што ќе правиме сега? За кој ќе гласаме?
Љубовното созревање на еден мажКога имав 16 години, сонував да си имам девојка.
На 18, конечно најдов. Но, немаше никакви чувства. Па решив да барам сентиментална и многу чувствителна девојка.
На 21 година си најдов таква. Таа беше толку чувствителна што плачеше и за најмала работа. Таа плачеше по цел ден, а понекогаш се заканувал и дека ќе изврши самоубиство. Па така решив дека ми треба темпераментна, динамична девојка.
Најдов на 26. Таа вриеше од енергија. Започнуваше десет работи во исто време, и без да ги заврши, следниот ден започнуваше нови десет. Отпрвин беше многу интересно, но потоа се чувствував како идиot околу неа. Решив да барам паметна и практична девојка.
На 31 ја најдов и се оженив за неа. Таа беше многу паметна и тврдоглава со двете нозе цврсто на земја. Таа беше толку практична што се разведе од мене и ми зеде сè што имав.
Сега сум стар и мудар. И си барам девојка со големи гради!