Најнови вицеви

Члeн 1
Шефот е во право.
Член 2
Шефот секогаш е во право.
Член 3
Во случај подредениот да е во право,а што е сосема неверојатно се преименува члнот 1 или членот 2.
Член 4
Шефот не спие, особено не на работно место тој се одмара.
Член 5
Шефот не јаде, тој се храни.
Член 6
Шефот не пие, тој дегустира.
Член 7
Шефот не задоцнува, тој редовно бидува задржуван.
Член 8
Шефот на работно место не чита весници, тој се информира.
Член 9
Шефот никогаш не ја напушта работата, неговата присутност е потребна и на друго место.
Член 10
Кој влегува во шефовата канцеларија со сопствена идеја, мора обавезно да излезе со шефовата.
Член 11
Не е потребно да мислите. Шефот мисли за сите.
Член 12
Ако случајно мислите, тогаш мислите како шефот.
Член 13
За сите успеси е заслужен шефот.
Член 14
Не е готово кога е готово, туку е готово кога шефот ќе каже дека е готово.
Маж пие утринско кафе чита весник и открива дека тој е среќен добитник на лотарија.
Рекордна добивка од 1 милион евра.
Среќен оди на работа, директно во канцеларија на шефот, да си даде оставка.
Пред да почне да збори неговиот шеф му кажува дека ќе мора да го прогласи за технолошки вишок, му се извинува и му понудува голема отпремнина.
Среќен, одлучува да си купи нова кола. Влегува во најблискиот автосалон и во тој момент слуша ракоплескање, огномет, шампањ!
Продавачот се приближува и вели:
Вие сте нашиот 1,000,000 посетител и добивате наградата бесплатно најновиот модел Волво!
Шокиран и среќен вози со колата дома, си става чаша виски, и од прозорецот гледа како со колата доаѓа неговата жена.
Таман да премине улица камион удира во колата а потоа се пали и експлодира.
Сопругот ја крева чашата виски и мрмори:
Ти eбem живот, значи кога ќе ти тргне... Тргнато е, кога ќе оди, стварно ти оди!