Најнови вицеви

Една баба полни 100 години, и на својот сопруг кој има 99 му вели:
- Е мој Трпе, пред да одам на оној свет би сакала да ти ја кажам мојата последна тајна. Појди на таван и донеси ми ги двете кутии што се наоѓаат од лева страна на последната сталажа.
Оди Трпе и после 5 минути се враќа. Гледа во едната кутија 2 јајца а во другата 15.000 евра.
- Гледа Трпе и се чуди.
Кажи драга што значат овие 2 јајца?
- Знаеш Трпе, во брак сме веке 78 години, секој пат кога не бев задоволна во кревет со тебе, ставав по 1 јајце во кутијата.
Трпе весел, насмеан, среќен оти само 2 пати не ја усреќил Трпана гордо ја запрашал:
- А, овие 15.000 евра?
Што значат тие?
Ех, Трпе, секогаш кога ќе ја наполнев кутијата одев на пазар и ги ПРОДАВАВ ЈАЈЦАТА
Ристе ја викнал мајка си на ручек. За време на ручекот таа забележала дека неговиот цимер, Перо, е многу згоден и мускулест. Таа веќе подолго време се сомневала дека тие двајца се нешто повеќе од цимери, па го запрашала Ристе дали е во право.
Ристе ја уверувал мајка си дека се само цимери и ништо повеќе од тоа.
Една недела подоцна Перо го прашува Ристе:
- Дали си ја видел некаде убавата лажица за супа? Ја нема од кога мајка ти ни беше на ручек. Ваљда не ја земала она?
Ристе не се сомневал воопшто, но сепак и пратил мејл на мајка си:
- Драга мамо, не велам дека ти си ја “зела“ или дека “не си ја земала“ лажицата за супа, но за чудо од кога беше кај нас на гости, нигде ја нема! Поздрав, Ристе.
Неколку дена подоцна стигнува одговорот од мајката:
- Драг синко, јас не велам дека ти “спиеш“ или дека “не спиеш“ со Перо, но за чудо, ако Перо спиеше во “својот кревет“ веќе одамна ќе ја најдеше лажицата за супа! Поздрав, Мама.
Ладна зима, снег, шлепер вози на автопат, стопира добра риба!
Шоферот застанува, рибата вели:
- Пари немам ако сакаш вози ме, ако не среќен пат.
Шоферот:
- Ма нема проблем, може влегувај.
После 30 километри шоферот застанува и вели:
- Слушај не е важно што немаш пари, ама дај некако да компензираме, или симни се нема возење.
Гледа рибата нема заебанција и прашува:
- Па како мислиш да компензираме?
Шоферот:
- Cekc!!!
Рибата мисли па што се мора не е тешко...
Прошол сексот патот продолжува.
По 50 километри шоферот пак застанува и вели:
- Излегувај надвор и почни да правиш снешко белчо!
Рибата:
- Ама јас?
Шоферот:
- Или снешко или нема возење!
Рибата направила снешко, возењето продолжува, ама радознала го прашува шоферот:
- Ајде молим те, дај да разберам, сексот ОК го разбирам ама зошто правев снешко?
Шоферот:
- Види вака, со сексот не верувам дека ќе ме запамтиш, ама со снешкото богами ќе ме памтиш цел живот!!!