Една дебела жена решила по секоја цена да ослаби. Ги презела сите мерки, дури и го сменила правецот на движење, кога оди на работа да не поминува покрај слаткарницата.
Едно утро, сепак, жената се појавила во канцеларијата со огромна торта.
– Колешке, што се случува? – Ја прашале колешките, знаејќи дека се труди да ослаби.
– Еве што се случи: Утрово решив повторно да поминам покрај слаткарницата затоа што патот е пократок, а веќе неколку дена постам и немам гајле. Ја гледам оваа прекрасна торта и си велам: „Леле каква убава торта. Ако Господ сака да ја изедам, ќе ми даде некаков знак. На пример – точно пред слаткарниците, ќе има слободно место за паркирање.“
– И што – имаше ли место?
– Да, имаше! Можете ли да замислите, една кола излегуваше точно кога јас го завртев осмиот круг…
Зима, каминот запален, романтична атмосфера, Ѕвезда се разнежнила и му вели на Пејо:
– Дарлинг, сакам да ме љубиш како во филмовите!
Пејо само тоа и чекал – и си почнал. Однапред, одпозади, одоздола, одгоре, лево, десно… абе сè што можете да замислите! Почнало да се разденува кога завршил, со блажена насмевка се оптегнал на креветот како да чека аплауз. Ја слушна Ѕвезда замислено како вели:
– Пејо, мислам дека јас и ти гледаме различни филмови.
- Чарлс, каква е оваа радост на македонскиот Фејсбук?
– Празникот, господине…
– Но, зошто креваат толку многу галама, Чарлс?
– Па доаѓа Св. Трифун, јадат и пијат како да им е последен ден, господине.
– И со кои пари, Чарлс, нели се сиромашни?
– Со Јануарските плати, господине.
– Можат ли да си го дозволат тоа?
– Не, господине.
– Тогаш зошто го прават тоа?
– Па, Македонци, господине…