Агент кој се занимава со истражување на пазарот, ѕвони на вратата на една куќа. Отвора млада домаќинка, а зад нејзе ѕиркаат три мали дечиња.
– Почитувана Госпоѓо, вршам истражување на пазарот и сакам да ви поставам неколку прашања. Се согласувате ли да учествувате?
– Да.
– Дали сте слушнале за нашата компанија?
– Не.
– Сериозно? Ова е исклучително стара фирма со традиција, која ги произведува следниве производи (ги реди сите производи на компанијата, меѓу кои е и вазелинот). Вие, почитувана Госпоѓо, користите ли некој од овие производи?
– Да, да, редовно користиме вазелин.
– Каде го користите?
– Па, го користиме со мажот ми кога имаме cekc.
– Ме изненадивте. Досега сите одговориле дека користат вазелин за подмачкување на врати, велосипеди, за испуканите усни, итн. Ние многу добро знаеме дека тој се користи и во сексот, но досега никој не се осмели да си признае. Ќе бидете ли така добра да ми кажете како точно го користите кога имате cekc?
– Не гледам ништо срамно во тоа и со задоволство ќе ви кажам. Ја мачкам со него топката на вратата на спалната соба, за да не можат да ја отворат децата, додека ние внатре имаме cekc…
Стојам на аеродромот, го чекам мажот ми, се враќа од печалба од Италија. Авионот многу доцни и од досада почнувам да шетам наоколу.
Еден човек ме запира и замолува малку да му ги причувам куферите додека тој оди до тоалетот. Се согласувам не сосема доброволно, но нели луѓе сме, треба да си помагаме, а и така нема што да правам. Стојам и чекам, минуваат 15 минути и почнува да ми здосадува.
Одам кај еден од граничната полиција и му ја објаснувам ситуацијата. Граничарите ме повикуваат во една соба, ми земаат име, лични податоци… Стигнуваме до содржината на куферите, ги отвораме и… што ќе видам… внатре полни со пари. Почнувам да се нервирам во себе: „Како може да сум таква будала, тивко да си излезев, да земев такси за 20 евра ќе ме однесеше до дома со се куферите…“
Граничните полицијци само се погледнаа и почнаа да ги полнат џебовите со пари, а мене ми потекоа лиги…
– Што стоиш! Земај и ти!
Почнувам и јас да прибирам големо количество пари, земам-полнам земам-полнам, ги преполнувам џебовите и уште туркам внатре…
Се будам – целото ќебе сум си го напикала во гаќите…
Една жена одлучила да игра Бинго. Оди кај продавачот и му вели:
– Сакам да играм, но не знам кое ливче да го одберам. Ќе ми помогнете ли да го најдам мојот среќен број?
– Се разбира. Кажете, на пример, колку пати сте патувале во странство?
– 4 пати.
– Добро, значи првиот број ќе биде 4. Сега кажете колку деца имате?
– 2.
– Добро, вториот број ќе биде 2. А колку книги сте прочитале оваа година?
– 3.
Продавачот пишува тројка и продолжува:
– Колку пати во месецот имате cekc со мажот?
– Хм, не ли е доста дрско ова прашање?
– Сакате да играте или не?
– Добро, добро, 2 пати во месецот.
– Одлично. А сега, штом веќе си имаме толку доверба, кажете, колку пати сте го изневерувале мажот во животот?
– Господине, за каква ме сметате вие мене?
– Добро де, добро, не се лутете, значи ниту еднаш… последна цифра ќе биде нула. И така Вашиот среќен број е: 42320.
По неколку дена жената си купува весник и ги чита резултатите од извлекувањето, гледа дека добтник на бинго е талончето со број 42327. Изнервирана си вели:
– Арно ми велеше мама не е убаво да се лаже!
Сабота наутро. Семејство седи на масата и појадува. Одеднаш на мајката и таткото им се појавува сексуална желба. Со неколку намигнувања тие се разбираат. Мајката станува и вели:
– Уф, нешто ми испари апетитот, нема да јадам повеќе!
Потоа демонстративно се качува на вториот кат, во спалната соба.
Таткото набрзина дојадува, скокнува, и брзо се качува во спалната соба.
Двете деца гледаат изненадено и не можат да сфатат што се случува. Поголемиот вели:
– Брзо оди горе и ѕирни преку клучалката што се случува!
Малиот трча по скалите. По неколку минути се враќа, седнува на столот и почна да јаде брзо-брзо.
– Што ти стана, бе? Зошто се разјаде толку брзо? – Прашува постариот не разбирајќи што се случува.
– Јади, јади и не прашувај… горе, во спалната соба, да видиш тато што им прави на тие што не сакаат да јадат…