Најпопуларни вицеви

Се договориле зајчињата да го тепат волкот и мислеле причина… Мислеле, мислеле и на тоа најмалото му текнало:
- Ај ќе го тепаме зошто не носи капа.
Се согласиле и другите и го среќават волкот и тоа најмалото му вели:
-Ти зошто не носиш капа? – и го истепале.
Следниот ден пак сакале да го тепат и пак мислеле причина и на тоа најмалото му текнало:
- Ај овој пат ќе го тепаме зошто носи капа.
Се согласиле и другите и го среќават волкот овој пат со капа и тоа најмалото пак му вели:
- Ти зошто носиш капа? – и пак го истепале.
Следниот ден веќе немало зошто да го тепат, но на тоа најмалото пак му текнало:
-Ај ќе го тепаме зошто носи цигари со фас.
Се согласиле и другите, но волкот бил зад некое дрво и се ги слушнал и се припремил. И го среќават зајчињата и тоа најмалото му вели:
- Волчко дојди малку.
Доаѓа волкот и му вели:
- Еве ти цигари и со фас и без фас.
И тоа најмалото се збркало и му вели:
- А ти зошто не носиш капа?- и пак го истепале.
Млад виолинист на брзање кон македонската филхармонија, каде што имал настап, возејќи повеќе од дозволеното го допира полиција. Сообраќаецот му вели:
- Добро вечер, дали сте свесни дека возевте над дозволеното, возачка и сообраќајна ве молам.
- Ве молам господине, простете се брзам многу, имам на настап во филхармонија за 15 минути, не смеам да доцнам инаку отиде работата ,а и платата.
Сообраќаецот повторно:
- Не ме интересира, возевте многу бргу!!!
- Ама господине ве молам ако задоцнам ќе нема никогаш повеќе да свирам во филхармонија, еве имам виолина не ве лажам, пишете ми казна или што било само пуштете ме се брзам страшно многу!!!
- Полека пријателе, причекај момент.
Сообраќаецот го вика другиот колега и му вели:
- Колега малиов се фали свирел во филхармонија, ти вака си по кафаните, која е таа кафана Филхармонија?!