Најпопуларни вицеви

Еден човек шетајќи се во пустина, му паднала матарката со вода и се истурила. Продолжил човекот така но после некое време почнал да дехидрира. Изнемоштен цел влечејќи се по жешкиот песок здогледал една преубава бела роза со капка роса на неа.
-Дај ми ја капката роса дека ќе умрам! и рекол на розата
- Ааааа не , ако ти ја дадам после јас ќе овенам! му одговорила таа
-Не даваш, не мораш! и рекол тој и продолжил.
После некое време гледа преубава црвена роза. Ја прашува истотото но и таа му дава ист одговор!
-Не даваш, не мораш! и рекол тој и повторно продолжил.
После некое време гледа црна роза и неа ја прашува истото но црната роза му дала капката роса и на човекот му дошла сила и преживеал.
Подоцна му текнало за добрината па одлучил да и возврати со тоа што ке ја навади!
Тргнал тој натака и кога ке види , и белата и црвената роза овенале!
Оди понатака и ја гледа и црната роза и таа овенала!
што е наравоушението?
ДАВАЛА – НЕДАВАЛА , НА КРАЈОТ СЕКАКО КЕ ОВЕНЕШ!
ПОДОБРО ДАДИ МОЖЕБИ НЕКОМУ КЕ СПАСИШ ЖИВОТ!!!!!!
Си бил некој милионер, кој од хоби собирал живи алигатори и ги чувал дома во базен.
Исто така имал прекрасна ќерка која не била мажена. Еден ден решил да направи журка и ги поканил сите луѓе што ги знаел и што не ги знаел. На сред забава ја прекинал музиката и соопштил:
- Драги гости. Имам предлог за сите мажи овде. Ќе дадам милион долари или раката на мојата ќерка за оној кој ќе го преплива базенов полн со алигатори и жив ќе излезе од другата страна…
Уште не завршен со соопштението милионерот слушнал "пљас" се свртел и видел човек како панично брзо плива од едната кон другата страна од базенот. Откако излегол надвор неповреден, милионерот му се обратил:
- Браво бе дечко. Мислев нема никој да се нафати и жив да излезе, ама ти беше фантастичен. Јас морам да си го одржам зборот, па затоа кажи ми што сакаш, милион долари или мојата ќерка.
- Слушај човек. Не ги сакам ни твоите пари, нити ќерката. Туку која будала ме бутна у базенот.