Најпопуларни

Си имала некоја баба тројца зетовци и еден ден решила да ги тестира кој колку ја сака и почитува.
Излегла на прошетка со најстариот, поминувале покрај една река и бабата скокнала да се дави. Зетот без размислување, веднаш скокнал и ја спасил. Следното утро пред вратата го чекал нов Форд Фокус со порака „Ти благодарам зете ми го спаси животот – Твојата Баба“.
Потоа бабата излегла на прошетка со средниот зет. Иста шема, бабата скокнала во реката, зетот скокнал и и го спасил животот. Наредното утрео пред вратата го чекала нова Опел Корса со порака „Ти благодарам зете ми го спаси животот – Твојата Баба“.
На крај бабата излегла на прошетка со најмладиот зет. Поминале покрај реката и бабата скокнала да се дави. Зетот се подзамислил: „На првиот му купи Фокус, на вториот Корса, значи мене ќе ми купи некоја евтина кинеска кола, нека се дави.“ И си тргнал накај дома. НАредното утро пред вратата го чекал нов Мерцедес со порака „Ти благодарам зете ми го спаси животот – Твојот Дедо“.

Маж патува со воз. На една станица во купето му влегува семејство, маж, многу грда жена и две момчиња, едното околу 15 години, другото околу 6.
Патуваат тие, по едно време нашиот човек го прашува мажот:
– Близнаци, А?
– Какви близнаци, бе? Не гледаш ли колкава им е возрасната разлика?
Патуваат околу 1 час и нашиот пак прашува:
– Абе, децава близнаци ти се?
– Не се, човеку! Едниот има 15, а другиот 6 години. Не гледаш сам?
Наскоро стигнуваат на последната станица и семејството се спрема да слезе. Нашиот го фаќа мажот за раката и пак прашува:
– Човек, како може да не се близнаци?
– Абе, ти чукнат ли си? Доста со тоа малоумно прашање? Не ли ги гледаш?
– Ги гледам јас, ама едноставно не можам да поверувам дека си спиел со оваа повеќе од еднаш…
На погреб го носеле мртовецот по стрмна шумска патека кон блиските гробишта!
Одеднаш ковчегот се навалил и трупот се стркалал надолу по падината. Еден ловец чекал во заседа зад една грмушка. Кога чул дека нешто шушка во грмушките, ја кренал пушка и грмнал два пати.
Отишол да види што застрелал и го видел трупот. Се уплашил, на брзина го одвлечкал трупот до блиската река и го фрлил во водата.
Во тоа време двајца ловокрадци ловеле риби со динамит. По последното пукање тупот испливал на брегот. Двајцата пребледеле од страв, кога го виделе трупот. Почекале да се стемни и го фрлиле мртовецот на патот. По неколку минути со голема брзина џип го удрил мртовецот и запрел. Возачот бил совесен, па го качил трупот и го однел во најблиската болница.
Веднаш го однеле во оперативната сала. По 6 часа излегол докторот уморен и испотен и му рекол на возачот кој чекал:
– Уффф… ќе преживее…