Најпопуларни вицеви

Печалбар се враќа ненајавено дома и за малку што не ја фаќа жена си со љубовникот во спалната.
Сопругата брзо го турка љубовникот гол на балконот. Љубезно го пречекува сопругот, му прави вечера. Надвор е зима, станот е на десеттиот кат и љубовникот нема шанси да исчезне. По некое време тој чуka на балконската врата:
– Многу се извинувам, господине, бев кај сосетката ви на горниот кат, и кога наеднаш се врати нејзиниот сопруг. Скокнав на вашиот балкон. Ќе ми помогнете ли? – Го прашува љубовникот рогоносецот.
– Се разбира, ние мажите треба да си помагаме.
Сопругот го облекува љубовникот во свои алишта, му става една ракија за да се стопли и го испраќа да си оди дома.
Вечерта, кога си легнуваат со жена си, одеднаш нешто му светнува на сопругот:
– Митро, или ти си kуpba, или над нас се подигнал уште еден кат!!!
Чуварот на коњи многу ја бендисувал првата сопруга на Султанот. Била со раскошни големи гради и сонот му бил да ја нурне главата во нив, да ги бакнува и да ги гали. Живеел долго време во тага и еден ден решил да го сподели својот сон со пријателот – докторот во палатата.
– Ќе ти го исполнам сонот, но треба да ми платиш 100 златници.
Се согласил чуварот на коњи.
Наредниот ден докторот и ставил на облеката на султанката пудра која чеша. Почнала да се чеша, целата се изгребала и Султанот го повикал докторот:
– Докторе!!! Помагај!!! Мојата најубава и најмлада жена… 7 сина треба ми роди…
Докторот ја прегледал и рекол:
– Многу ретка болест, но има лек! Чуварот на коњи треба да ја стави главата во градите и да ги гали и бакнува…
– Ааа! Аллах! Хара! Не може друг маж да ја допира жена ми!
– Нема друг лек… Или – или…
Се согласил султанот. Го довеле чуварот на коњи. Си го остварил сонот. Наредниот ден докторот тропнал на вратата на чуварот на коњи и си ги побарал златниците, но чуварот се направил мангуп и му одговорил:
– Мавни ми се од овде! Ништо не можеш да докажеш!
Си оди докторот разочаран, но наредниот ден отишол пак. Чуварот на коњи веднаш почнал да го брка:
– Ајде, оди си бе! Ништо нема да ти дадам!!!
– Во ред, сфатив… Ама погоди кого денес го чеша к**** и му треба галење и бакнување…
Градинка во Америка. Учителката ги собира децата:
– Деца, завршивте ли до играњето?
– Да!
– Кажи Сара, со што си играше ти?
– Си играв со коцките.
– Добро… ако напишеш правилно „коцка“ на таблата, ќе добиеш чоколатце.
Детето пишува правилно и добива чоколатце.
– А ти Мајкл, што правеше?
– Си играв со Сара со коцките.
– Добро… ако напишеш правилно „игра“, ќе добиеш чоколатце.
Пишува и добива…
– А ти, Џамал што правеше?
– Јас сакав да играм со Мајкл и Сара со коцките но тие не ми даваа и ме бркаа.
– О, тоа е потресна расистичка дискриминација! Ако напишеш правилно „потресна расистичка дискриминација“, ќе добиеш чоколатце…