Најпопуларни вицеви

Што сакаат жените?
Ѝ даваш комплимент – не прифаќа.
Не ѝ даваш – се лути.
Ќе се согласиш – немаш карактер.
Не се согласуваш – не ја разбираш.
Ја бараш – досаден си.
Не ја бараш – не ти е гајле за неа.
Љубоморен си – лош карактер.
Не си љубоморен – не ја сакаш.
Задоцни една минута – Армагедон.
Ја нема цел саат – ништо страшно.
Излегуваш со другарите – и таа доаѓа.
Излегува со другарките – женска вечер.
Ќе погледнеш во друга – ќе ти ги извади очите .
Ја гледаат неа – тоа е комплимент за тебе.
Кога зборува – да ја слушаш.
Кога слушаш – зошто не збоуваш.
И обрнуваш внимание – досаден си.
Не и обрнуваш – како смееш!
Нежен си – сака силен маж.
Груб си – сака нежност.
Ја смируваш кога плаче – остави ме
Ја оставаш – бездушна свиња си.
Се грижиш за неа – доминираш.
Не се грижиш – не ја сакаш.
Ѝ помагаш во кујната – пречиш.
Не помагаш – Балканец.
И кажуваш дека фустанот ја прави дебела – лажеш
Не лажеш – навредуваш
Ја фалиш мајка и – се улизуваш
Не ја фалиш – типична машка свиња
Ја смееш – несериозен кловн си.
Зборуваш со други – ја игнорираш
Зборуваш со неа – ја гњавиш.
Ѝ правиш романтика – ајде побрзо на работа сум утре.
Ѝ бараш директно – шовинистичка свиња си.
Прашуваш кој ресторан – каков маж си ти
Не ја прашуваш – не и ги почитуваш желбите.
И раскажуваш како си помина денес – уф досаден си.
Не и раскажуваш – за ништо не разговараме повеќе.
Ја прашуваш како го поминала денот – сомнителен си.
Не ја прашуваш – ништо не те интересира за неа
Таа нека реши за ручекот – имај мислење барем еднаш
Сакам...
- Ова не е ресторант
Ќе изедеш цела чинија – свиња
Ќе оставиш малку – Јасно ми е. Не готвам добро како мајка ти.
Ѝ помагаш во чистењето – пречиш
Не помагаш – да, нека се мачи слугинката
Ја гушкаш – ѝ дишиш во увото
Не ја гушкаш – бесчувствително говедо
Многу работиш – ништо не правиш дома
Помалку работиш – ништо не носиш дома
Се грижиш за автомобилот – го сакаш повеќе од мене
Не се грижиш – и мене така ме „батали“
Како луѓето од различни професии ловат слонови?
- Математичар Оди во Африка, отфрлува се што не е слон и го лови она што ќе преостане.
- Искусен математичар Се обидува да докаже дека постои барем еден слон, па потоа ја продолжува горенаведената постапка.
- Професор по математика Го докажува постоењето на слонот, а потоа ги праќа студентите пост-дипломци да го уловат.
- Програмер Лови слон по следнава постапка:
Оди во Африка Почнува од р’тот “Добра надеж“ Ќе оди од крај до крај на континентот полека придвижувајќи се кон север Движејќи се така полека од крај до крај :
- Ќе го улови секое животно што ќе наиде -ќе ги спореди нивните особини со особините на некој познат слон -ќе подзастане кога ќе детектира сличности -во спротивно ќе продолжи понатаму.
- Искусен програмер Пред да го примени предходниот алгоритам, ќе постави еден слон во Каиро за да биде сигурен дека алгоритмот ќе заврши.
- С програмер Ќе го примени предходниот алгоритем движејќи се и на раце и колена.
- Инжењер Оди во Африка, ги уловува сите сиви животни по случаен избор и го задржува она чија тежина е во дијаметар од 10% тежина од еден просечен слон.
- Економист Не лови слонови бидејќи верува дека тие сами ќе се уловат доколку добро им се плати.
- Консултатант Не лови слонови, никогаш не ги ни ловел, но во секое време би им објаснил како се прави тоа на сите оние кои ловат.
- Политичар Исто така не лови слонови, но сите слонови кои некој друг ги уловил би ги поделил со сите оние кои гласале за него.
- Инспектор за контрола на квалитет Оди во лов на слонови за да би контролирал како останатите ловци ги пакуваат своите ствари.
- Трговец Не лови слонови, но прима нарачки за него со загарантиран рок на испорака два дена пред сезона да почне.
- Трговец со софтвер Ќе улови било што, ќе го испорача и ќе го фактурира.
- Трговец со хардвер Ќе улови било што, ќе го обои сиво и ќе го продаде како портабл слон.
- Ако ми позајмиш 100 евра, ќе ти бидам должник цел живот.
- Кој ќе умре на есен, за него нема зима.
- Жените се делат на вдовици, и оние кои работат на тоа.
- Мене парите и славата не ме интересираат, ме интересираат само парите.
- Имам проблем со жена ми, ми се меша во бракот.
- Штедете на солзавец, плачеме и без него.
- Убиј еден - тогаш си убиец, убиј 100 - тогаш си херој, убиј милиони - тогаш си државник.
- Затоа што паметните попуштаат, глупавите владеат со светот.
- Матичарот е судија кој осудува на доживотно!
- Единствено клинецот не оди со глава низ ѕид.
- Австрија - тоа е Германија надвор од себе.
- Гулаби - тоа се птици серковци.
- Не ми смета што сонувам на англиски, ама ме нервира преводот на германски.
- Да грешиш е човечно, ама чувството е боженствено!
- Или бомбардирајте, или да кречам.
- Сите печурки се јадат, ама некои само еднаш.
- Најлесен начин за името да ти се најде во весниците е да ги читаш додека идеш преку улица.
- Кога полицаец скока во вода, се слуша "ГЛУП"!
- Барав жена преку оглас, се јавија стотици со молба "Земете ја мојата"!
- Очај - кога ќе си отсечеш прст за да не идеш во војска, а комисијата ќе те ослободи поради рамни стапала.
- Кој пее зло не мисли, а кој мисли - не му е до песна.
Си бил некој човек по име Цветко. Еден ден умрел и отишол на небото кај Господ.
- Господ му рекол е сега Цветко бидејќи на земјата беше многу добар човек ќе ти дадам да бираш каде да останеш во Рајот или Пеколот.
- Се помислил малку Цветко и вика може ли да го разгледам прво Пеколот.
- А господ се согласил и заeдно тргнале да шетаат низ пеколот.
- Шетајќи дошле до една дупка каде горело огин и наоколу голи жени, а Цветко му викана Господе може ли една да пробам.
- Господ: нема проблем избери си.
Откако Цветко завршил работа продолжиле и дошле до друга дупка каде гори огин и уште поубави голи жени околу дупката.
- Цветко му вика повторно на Господ може ли една да пробам.
- Господ: нема проблем одбери која сакаш.
- И така шетајќи поминале неколу дупки и Цветко секаде побарал по една жена да заврши работа.
- Многу му се бендисал пеколот ама сакал да го види и Рајот па да одлучи каде да остане.
- Влегол Цветко во Рајот и гледа се наоколу зелено, цвеќиња, фонтани многу било убаво. Се врти и гледа една маса.
- Седнал на масата и гледа вазна со цвеќе на масата. Додека седел и се мислел каде да остане, со раката скинал еден лист од цвеќето во вазната, но веднаш добил силна шлаканица. Се врти Цветко и гледа нема никој, и повторно кине лист, но пак добива шлаканица. Се врти и пак нема никој. Се налутел и почнал со двете раце да кубе лисја и цветови од вазната, а некој почнал да го шамари по лицето од двете страни.
- Се буди Цветко и гледа дека женаму во креветот го тепа и му вика Ајде што ме eбa еднаш, двапати, трипати, малку ти беше па мораш ли да ми ги кубеш влакната од п…
Како знаеш дека потекнуваш од македонија?
- На сопствената венчавка познаваш една третина од гостите.
- Секоја свадба почнува со песната “Ерген одев мила мамо”.
- Имаш барем еден роднина со кого си скаран.
- Во домот имаш календар со светци.
- Мислиш дека се е некаква завера.
- Мајка ти уште од мал те учи дека провевот убива.
- Во домот ракијата служи за лекување на сите болести, за прослави, за сите пригоди и како лосион за масажа.
- Баба ти никогаш не го прифаќа фактот дека не си гладен.
- Кога ќе запознаеш странец прво го учиш да пцуе.
- Кај баба ти мора да изедеш супа, сарми, печење, салати, гибаница,печена пиперка со лук, пача и ванилици и никако не смееш да оставиш нешто во чинијата.
- Кога си бил мал ти велеле дека ќе ти порасне опашка ако пиеш кафе.
- Кога ќе видиш бебе, мора прво да го поплукаш три пати.
- Кога си бил мал те плашеле со вештерка.
- Ако дремнеш попладне, мора да ја покриеш половината.
- Мајка ти не ти дава да пиеш студена вода кога си испотен.
- Удираш по маса и кршиш чаши кога си пијан.
- Ако реченицата „Немој да се смееш, подоцна ќе плачеш“ ти изгледа логично.
- Една недела по Божик или Велигден имаш сарми за ручек.
- Живееш во земја во која ќотекот излегол од рајот.
- За време на ручек, се јаде цел леб.
- Ракија се пие пред појадок, за циркулација.
- Родителите го менуваат каналот ако има бакнување на телевизија.
Потонува брод во Тихи океан и се спасуваат неколку групи на луѓе:

1. Двајца французи и една французинка – уживале во сексот сите тројца одеднаш до бесвест.

2. Двајца германци и една германка – германците имале строг распоред кој кога ќе биде со германката, а кој ќе лови.


3. Двајца грци и гркинка – грците ја погледнале гркинката, се уплашиле, и си заминале на другиот дел од островот за да се сексаат.

4. Двајца бугари и бугарка – бугарите спиеле, а бугарката ловела и работела.

5. Двајца англичани и англичанка – англичаните седеле на страна и се надевале дека некој ќе дојде да ги запознае со англичанката.

6. Двајца американци и американка – американците на долго и широко расправале дека островот е сигурно под америчко влијание, а американката им кажала дека нејзиното тело е само нејзино, дека нејзиниот бивши дечко многу ја почтувал и биле рамноправни, дека е нежна да лови, но дека ќе си ги поделат работите околу домаќинството.

7. Двајца ирци и иркиња – двајцата ирци веднаш го поделиле островот на јужен и северен дел, а потоа се договориле и решиле кој повеќе ќе издржи во пиење ќе ја добие иркињата…. и уште пијат.

8. Двајца јапонци и јапонка – пикнале порака во шише и со надеж дека ќе стигне до Токио, се уште чекаат одговор.

9 Двајца срби и србинка – србите фатиле диво прасе, го испекле, и почнале да расправаат за политика. Србинката за тоа време плачела затоа што ја виделе со разлеана шминка.

10. Двајца македонци и македонка – иако македонката им кажала дека е спремна да ја делат во еден глас изговориле – „Јас нема да допрам, ама нема ни ти“.