Најпопуларни вицеви

Што сакаат жените?
Ѝ даваш комплимент – не прифаќа.
Не ѝ даваш – се лути.
Ќе се согласиш – немаш карактер.
Не се согласуваш – не ја разбираш.
Ја бараш – досаден си.
Не ја бараш – не ти е гајле за неа.
Љубоморен си – лош карактер.
Не си љубоморен – не ја сакаш.
Задоцни една минута – Армагедон.
Ја нема цел саат – ништо страшно.
Излегуваш со другарите – и таа доаѓа.
Излегува со другарките – женска вечер.
Ќе погледнеш во друга – ќе ти ги извади очите .
Ја гледаат неа – тоа е комплимент за тебе.
Кога зборува – да ја слушаш.
Кога слушаш – зошто не збоуваш.
И обрнуваш внимание – досаден си.
Не и обрнуваш – како смееш!
Нежен си – сака силен маж.
Груб си – сака нежност.
Ја смируваш кога плаче – остави ме
Ја оставаш – бездушна свиња си.
Се грижиш за неа – доминираш.
Не се грижиш – не ја сакаш.
Ѝ помагаш во кујната – пречиш.
Не помагаш – Балканец.
И кажуваш дека фустанот ја прави дебела – лажеш
Не лажеш – навредуваш
Ја фалиш мајка и – се улизуваш
Не ја фалиш – типична машка свиња
Ја смееш – несериозен кловн си.
Зборуваш со други – ја игнорираш
Зборуваш со неа – ја гњавиш.
Ѝ правиш романтика – ајде побрзо на работа сум утре.
Ѝ бараш директно – шовинистичка свиња си.
Прашуваш кој ресторан – каков маж си ти
Не ја прашуваш – не и ги почитуваш желбите.
И раскажуваш како си помина денес – уф досаден си.
Не и раскажуваш – за ништо не разговараме повеќе.
Ја прашуваш како го поминала денот – сомнителен си.
Не ја прашуваш – ништо не те интересира за неа
Таа нека реши за ручекот – имај мислење барем еднаш
Сакам...
- Ова не е ресторант
Ќе изедеш цела чинија – свиња
Ќе оставиш малку – Јасно ми е. Не готвам добро како мајка ти.
Ѝ помагаш во чистењето – пречиш
Не помагаш – да, нека се мачи слугинката
Ја гушкаш – ѝ дишиш во увото
Не ја гушкаш – бесчувствително говедо
Многу работиш – ништо не правиш дома
Помалку работиш – ништо не носиш дома
Се грижиш за автомобилот – го сакаш повеќе од мене
Не се грижиш – и мене така ме „батали“
Како луѓето од различни професии ловат слонови?
- Математичар Оди во Африка, отфрлува се што не е слон и го лови она што ќе преостане.
- Искусен математичар Се обидува да докаже дека постои барем еден слон, па потоа ја продолжува горенаведената постапка.
- Професор по математика Го докажува постоењето на слонот, а потоа ги праќа студентите пост-дипломци да го уловат.
- Програмер Лови слон по следнава постапка:
Оди во Африка Почнува од р’тот “Добра надеж“ Ќе оди од крај до крај на континентот полека придвижувајќи се кон север Движејќи се така полека од крај до крај :
- Ќе го улови секое животно што ќе наиде -ќе ги спореди нивните особини со особините на некој познат слон -ќе подзастане кога ќе детектира сличности -во спротивно ќе продолжи понатаму.
- Искусен програмер Пред да го примени предходниот алгоритам, ќе постави еден слон во Каиро за да биде сигурен дека алгоритмот ќе заврши.
- С програмер Ќе го примени предходниот алгоритем движејќи се и на раце и колена.
- Инжењер Оди во Африка, ги уловува сите сиви животни по случаен избор и го задржува она чија тежина е во дијаметар од 10% тежина од еден просечен слон.
- Економист Не лови слонови бидејќи верува дека тие сами ќе се уловат доколку добро им се плати.
- Консултатант Не лови слонови, никогаш не ги ни ловел, но во секое време би им објаснил како се прави тоа на сите оние кои ловат.
- Политичар Исто така не лови слонови, но сите слонови кои некој друг ги уловил би ги поделил со сите оние кои гласале за него.
- Инспектор за контрола на квалитет Оди во лов на слонови за да би контролирал како останатите ловци ги пакуваат своите ствари.
- Трговец Не лови слонови, но прима нарачки за него со загарантиран рок на испорака два дена пред сезона да почне.
- Трговец со софтвер Ќе улови било што, ќе го испорача и ќе го фактурира.
- Трговец со хардвер Ќе улови било што, ќе го обои сиво и ќе го продаде како портабл слон.
- Ако ми позајмиш 100 евра, ќе ти бидам должник цел живот.
- Кој ќе умре на есен, за него нема зима.
- Жените се делат на вдовици, и оние кои работат на тоа.
- Мене парите и славата не ме интересираат, ме интересираат само парите.
- Имам проблем со жена ми, ми се меша во бракот.
- Штедете на солзавец, плачеме и без него.
- Убиј еден - тогаш си убиец, убиј 100 - тогаш си херој, убиј милиони - тогаш си државник.
- Затоа што паметните попуштаат, глупавите владеат со светот.
- Матичарот е судија кој осудува на доживотно!
- Единствено клинецот не оди со глава низ ѕид.
- Австрија - тоа е Германија надвор од себе.
- Гулаби - тоа се птици серковци.
- Не ми смета што сонувам на англиски, ама ме нервира преводот на германски.
- Да грешиш е човечно, ама чувството е боженствено!
- Или бомбардирајте, или да кречам.
- Сите печурки се јадат, ама некои само еднаш.
- Најлесен начин за името да ти се најде во весниците е да ги читаш додека идеш преку улица.
- Кога полицаец скока во вода, се слуша "ГЛУП"!
- Барав жена преку оглас, се јавија стотици со молба "Земете ја мојата"!
- Очај - кога ќе си отсечеш прст за да не идеш во војска, а комисијата ќе те ослободи поради рамни стапала.
- Кој пее зло не мисли, а кој мисли - не му е до песна.