Заминува Хасо на печалба се враќа по еден месец и носи куфер полн со пари и Мујо му вика:
- Еее Хасо од каде толку пари бе, да не ги украде од негде, а? Хасо му вика:
- Не бе ги заработив, направив замка за фаќање глувци.
- Е каква е таа замка?- Епа вака, ќе ископаш една дупка од едната страна ќе ставам сирење од другата кашкавал и ќе дојде глушецов и сирење, кашкавал, сирење, кашкавал, лево, десно, со главата и ќе му се слоши и ќе падне во дупка.Другиот ден Мујо заминува на печалба се врајќа по еден месец носи два куфери пари и Хасо му вика:
- Абе како ти два куфери, а јас еден?- Еее, јас со истата замка твоја заработив повеќе пари!- Е како?- Епа и јас копам дупка ама не ставам ни сирење ни кашкавал, ќе дојде глушецов нема сирење нема кашкавал и ќе падне в дупка! Затоа јас имам повеќе заработка од тебе, не трошев пари за сирење и кашкавал.