Куќната помошничка барала покачување на платата. Трпана се налутила и ја прашала: – Добро, кажи ми причина зошто мислиш дека заслужуваш покачување? – Не е една, него три причини. – Добро, слушам. – Прво, барам покачување затоа што подобро пеглам од вас. – Кој вика тоа? – Па, вашиот маж, Трпе. – Добро, друга причина. – Подобро готвам од вас! – Немој да ми кажеш дека Трпе го кажал ова? – Токму така. – Добро, а која е третата причина? – Трета причина е што сум подобра љубовница од вас! Трпана зацрвенета и вика: – Немој да ми кажеш дека повторно ова го кажал Трпе?! – Не госпоѓо, ова го вика вашиот градинар. На ова Трпана враќа: – Колку сакаш да ти се покачи платата?
Куќната помошничка барала покачување на платата. Трпана се налутила и ја прашала:
– Добро, кажи ми причина зошто мислиш дека заслужуваш покачување?
– Не е една, него три причини.
– Добро, слушам.
– Прво, барам покачување затоа што подобро пеглам од вас.
– Кој вика тоа?
– Па, вашиот маж, Трпе.
– Добро, друга причина.
– Подобро готвам од вас!
– Немој да ми кажеш дека Трпе го кажал ова?
– Токму така.
– Добро, а која е третата причина?
– Трета причина е што сум подобра љубовница од вас!
Трпана зацрвенета и вика:
– Немој да ми кажеш дека повторно ова го кажал Трпе?!
– Не госпоѓо, ова го вика вашиот градинар.
На ова Трпана враќа:
– Колку сакаш да ти се покачи платата?