Четворица другари играле покер кога едниот од нив на едно делење изгубил 2000 евра.
Од преголем стрес кутриот добил срцев удар и починал на лице место. Другарите одкако од почит ја довршиле партијата стоечки, почнале да размислуваат кој и како ќе и соопшти на жената од покојниот. Влечеле ждребка и откако едниот од нив ја извлекол најмалата, останатите го предупредиле да биде внимателен и дискретно да ја соопшти лошата вест. Се сложиле и тој се нацртал пред вратата на сопругата.
- Добро вечер. Вашиот маж пред малку загуби 500 евра на карти.
Жената видно изнервирана:
- Ма кажи му нека цркне и да не се враќа дома вечер!!
- Во ред, ќе му пренесам!!