Си биле Трпе и Цветко и стоеле покрај една продавница.
Цветко влегол во продавницата и си купил чипс. После минута го гледа Трпе со ист чипс како неговиот. Потоа Цветко нервозно купува кока-кола. И Трпе купил кока кола. Цветко уште понервозно ја купува цела продавница. Потоа Трпе му приоѓа на Цветко и му вели:
- Јас многу ве почитувам!
Цветко зачудено прашува:
- Зошто?!
- Па благодарение на вас излегов од економска криза.