Полагаат двајца колеги и првиот влегува одговара на двете прашања и третото професорот го прашува:
- Дали колега забележувате нешто необично кај мене?
Студентот му одговара:
- Немате уши.
Oвој налутен го брка од канцеларија. Излегува колегата и му вели на другиот:
- Што и да одговориш немој да му кажеш дека нема уши.
Влегува другиот и истата финта, одговара на првите две и третото го прашува истото:
- Колега дали забележувате нешто необично кај мене?
И овој му вели:
- Носите леќи.
- Браво колега, како забележавте?
А овој му вели:
- Па професоре да имавте уши ќе носевте очила.