Се качува баба во автобус и му вика на возачот:
- Синко, кога ќе стасаме во Велес да ми кажeш.
- Добро бабо.
Се возат час и половина и возачот го поминал Велес, но не му текнало да и каже на бабата. Таа го прашува:
- Синко уште колку има?
- Уште малку бабо.
- И почнал да се враќа назад кон Велес. Патувале уште половина час и возачот и вели на бабата:
- Еве бабо стасавме во Велес.
- А фала што ми кажа синко. Ќерка ми ми рече кога ќе стасам во Велес да се напијам апче.