Трпана го спрема малиот трпе за првиот ден на училиште:
- Слушај сега Трпе, немој да не срамиш на училиште! Кога ќе те праша учителката како се викаш ти ќе и одговориш Трпе, кога ќе те праша колку години имаш ти ќе и кажеш седум и кога ќе те праша дали знаеш да читаш и пишуваш ти ќе и одговориш
- не.
Трпе клинал со главата и цел пат од дома до училиште си повторувал:
- Трпе, седум, не...
Стигнал трпе на училиште и учителката го прашува:
- Колку години имаш ти?
Трпе подголтнува и промумлува:
- Трпе...
Учителката збунета го прашува:
- А како се викаш?
Трпе и одговара:
- Седум...
- Да не се зезаш ти со мене?
- прашува учителката
- Не...
- одговара Трпе