Трпе направил сообраќајка и го однеле во болница. Медицинската сестра го прашала како се чувствува.
- Добар сум, само те молам ај види дали ми е здрав алатот.
- Не биди безобразен, не можам.
- Ај те молам, најважно е алатот да ми е здрав.
Медицинската сестра го сожалила и го открила чаршавот.
- Здрав ти е, на него има напишано "оле"!
- Оф лелеееле, ах бре Трпе кој те тераше да пиеш, волу еден, Господе што ли ти згрешив за ова да ми го направиш...
- Зошто кукаш, ти кажав дека ти е здрав.
- Сестро, знаеш ли што пишуваше на алатот?
- Што?!
- "Наше ќе биде и Солунско поле!"