Трпе ја среќавал комшивката која била многу убава, но била мажена.
Секогаш кога ќе ја сретнел и велел:
- Леле какво парче си, штом те видам, полудувам.
Еден ден таа застанала и рекла:
- Постојано зборуваш а ништо не превземаш. Донеси ми 1000 евра и работата е завршена.
- Сериозно?!
Трпе не можел да им поверува на своите уши. Наредниот ден отишол кај комшивката, и дал 1000 евра и завршиле работа.
Вечерта кога мажот се вратил од работа прашал:
- Жено, да не помина Трпе денес кај нас?
Жената помислила дека некој ја издал.
- Да, дојде... Зошто?
- Колку пари ти даде?
- 1000 евра.
- Значи многу е поштен Трпе. Вчера дојде кај мене на работа и ми вели: „Комши, дај ми 1000 евра на заем, утре до ручек ќе ти ги вратам.“