Отишол некој човек кај својот пријател – царинарник. И овој царинарникот, го поканува дома и го нуди:
-„Што сакаш да се напиеш? Виски, коњак, вотка, текила, ликер….“
Човекот, малку го фатило срам, да не испадне некултурен и му вика:
-„Па доста би ми било и само една чаша обична вода“
И на тоа царинарникот:
-„Е бе пријателе, кај најде од сите работи што ги имам, ти да ми побараш она единствено што го плаќам?“