Четири католички свештеници и една калуѓерка пијат кафе во кафуле на плоштадот „Св. Петар“ во Рим. Првиот свештеник се фали:
- Син ми е свештеник. Кога и да влезе некаде сите го викаат „Оче“
Вториот свештеник му одговара:
- Син ми е бискуп и он кај и да влезе сите го нарекуваат „Ваша Милост“
Третиот свештеник на тоа додава:
- Син ми е кардинал, и кога он ќе се појави некаде сите му се обраќаат со „Ваша Еминенцијо“
Четвртиот само ги слушал па гордо им одговорил:
- Син ми е Папа, кога он ќе влезе некаде, сите се клањаат и му се обраќаат со „Ваша Светост“
Калуѓерката цело време молчела и си пиела кафе, па сите се свртеле накај неа и ја прашале:
- А, вие?
На ова таа гордо одговорила:
- Јас имам ќерка, згодна, висока 175cm, обем на гради 96cm, обем на струк 60cm, обем на колкови 90cm
... Е, кога она ќе влезе некаде, сите и се обраќаат со „О, БОЖЕ МОЈ!“