Што сакаат жените?
Ѝ даваш комплимент – не прифаќа.
Не ѝ даваш – се лути.
Ќе се согласиш – немаш карактер.
Не се согласуваш – не ја разбираш.
Ја бараш – досаден си.
Не ја бараш – не ти е гајле за неа.
Љубоморен си – лош карактер.
Не си љубоморен – не ја сакаш.
Задоцни една минута – Армагедон.
Ја нема цел саат – ништо страшно.
Излегуваш со другарите – и таа доаѓа.
Излегува со другарките – женска вечер.
Ќе погледнеш во друга – ќе ти ги извади очите .
Ја гледаат неа – тоа е комплимент за тебе.
Кога зборува – да ја слушаш.
Кога слушаш – зошто не збоуваш.
И обрнуваш внимание – досаден си.
Не и обрнуваш – како смееш!
Нежен си – сака силен маж.
Груб си – сака нежност.
Ја смируваш кога плаче – остави ме
Ја оставаш – бездушна свиња си.
Се грижиш за неа – доминираш.
Не се грижиш – не ја сакаш.
Ѝ помагаш во кујната – пречиш.
Не помагаш – Балканец.
И кажуваш дека фустанот ја прави дебела – лажеш
Не лажеш – навредуваш
Ја фалиш мајка и – се улизуваш
Не ја фалиш – типична машка свиња
Ја смееш – несериозен кловн си.
Зборуваш со други – ја игнорираш
Зборуваш со неа – ја гњавиш.
Ѝ правиш романтика – ајде побрзо на работа сум утре.
Ѝ бараш директно – шовинистичка свиња си.
Прашуваш кој ресторан – каков маж си ти
Не ја прашуваш – не и ги почитуваш желбите.
И раскажуваш како си помина денес – уф досаден си.
Не и раскажуваш – за ништо не разговараме повеќе.
Ја прашуваш како го поминала денот – сомнителен си.
Не ја прашуваш – ништо не те интересира за неа
Таа нека реши за ручекот – имај мислење барем еднаш
Сакам...
- Ова не е ресторант
Ќе изедеш цела чинија – свиња
Ќе оставиш малку – Јасно ми е. Не готвам добро како мајка ти.
Ѝ помагаш во чистењето – пречиш
Не помагаш – да, нека се мачи слугинката
Ја гушкаш – ѝ дишиш во увото
Не ја гушкаш – бесчувствително говедо
Многу работиш – ништо не правиш дома
Помалку работиш – ништо не носиш дома
Се грижиш за автомобилот – го сакаш повеќе од мене
Не се грижиш – и мене така ме „батали“