Јапонец му се фали на Босанец:
- Сакаш ли да ти покажам нешто јапонско?
- Ајде, вика Босанецот.
Јапонецот го фаќа и го претепува и му вика:
- Е ова е карате.
Јапонецов пак го прашува:
- Сакаш ли уште нешто јапонско да ти покажам?
Босанецот прифаќа и Јапонецот повторно го претепува и му вика:
- Е ова е Џудо.
Босанецот откако се соземал, му вели на Јапонецот:
- А сакаш ли јас да ти покажам нешто јапонско?
Јапонецот воодушевено прифаќа. Босанецот дофаќа една метална шипка и го треснува Јапонецот. Тој сиот крвав и во болка едвај станува и прашува:
- Па што има тука Јапонско?
- Полуосовина од Тојота!