Џек авантуристот оди во Африка. И човекот прошетал низ скоро сите земји, авантура и пол! Стигнува во Чад и врви низ едно село. Стигнува сред селото и гледа пред него едно огрооооооооооооооомно гомно, замислете колку една голема карпа. Џек се стаписал. Си прави „кој или што можело да го посере ова нешто?!”. Се развртел наоколу и гледа еден старец како си седи на една карпа под една сенка и си кулира. И целиот возбуден Џек трча на кај него „Do you speak English?" и стариот „Yes I do" и го прашува стариот „Абе стари, кој го посрал ова гомно??!”. И стариот се сепна. „Аа…епа…види…на времето имаше 3 браќа. Богата фамилија! Цела савана беше нивна. Е сеа, пораснаа синовите, требало да се женат. Е, ај рекле, прво најстариот син. И го женат него, убава жена нашле, убава свадба, ама горе на Килиманџаро живеше еден змеј. И тој кога виде дека има свадба слетал и ја грабна жената му. Зетот се разбеснил. Се припремал 2 дена да оди да го убие змејот. Трчал, се качувал по дрвата, со копјето вежбал. Тргнал за Килиманџаро. Арно ама кога стигна таму и се соочил со змејот загинал и заедно со жената биле јадени до змејот”. Џек го гледа стариот…„добро …добро ама за гомното те прашувам сеа!” и стариот „ Чекај де…ќе дојдам до то. Сеа дошло времето за вториот син,…и него гоооолема свадба и уше поуба жена. Арно ама пак разбрал змејот и пак дошол и ја грабнал и втората жена. Е сеа овој братот, попаметен, уште повеќе вежбал. Кажуваат дека цел лав со голи раце соборил. Заминал за Килиманџаро и тој…ама исто ко брат му, кога се соочил со змејот и тој загинал заедно со жената.”…Џек видно изнервиран ”Аман бре стари, па кажи ми кој го посрал гомното!”, а стариот искулиран „Чекај де…сега…И останал третиот син. Му направија и него свадба. Абе таа невестата…од уба поуба! Права божица. Змејот разбрал…и летнал и ја грабнал и неа. Бидејки овај последниот многу си ја сакал жената рекол и ќе вежбам и со силата на љубовта во моето срце, ќе ја спасам. И човекот се дупнал од вежбање…што ти Арнолд Шварценегер и плус тоа со толку љубов, сигурно беше дека ќе го совлада. АМА ништо. И него и жената змејот ги јаде!”. Џек веќе на крајот од нервен слом! Кара врни…и му вели на стариот „Аман, кажи кој го посрал ова гомното, не ме интересираат никакви браќа,змејови, само кажи ми и да си одам!” и стариот онака лут што вака изреагирал Џек… „..Аман ти па со то гомното… е шо знам некој го посрал! ееее…”