Перо работи како чувар во Фабрика.
Еден ден во фабриката доаѓа на посета претседателот на Македонија.
Кога поминувале покрај Перо претседателот извикнал:
- Перо, ти ли си бе?
- Јас сум претседателе. - одговорил Перо.
На шефот му станало многу чудно тоа што претседателот го познава Перо, па окако си заминал го повикал Перо во неговата канцеларија.
- Абе Перо од кај се знаеш ти со нашиот претседател? - прашал шефот.
- Шефе, абе знаеш дека мене цел свет ме познава?
- Како тоа бе Перо?
- Така бе, нема човек жив на светот што не ме познава!
- Те знае ли бе Обама сакаш да кажеш?!
- Тиииии бе шефе, Обама ми е еден од подобрите пријатели!
- Епа ај ќе отидиме до Вашингтон јас плаќам карти, тебе претседател на Америка нема шанси да те знае!
И одат Перо и шефот во белата куќа, ѕвонат, и отвара Мишел:
- Ohoo Pero, what a wonderful surprize! Come in, Obama is in the backyard!
Шефот вилицата до земја!
Не му се верува што гледа!
Делириум, па вели:
- Перо, нема шанси тебе папата да те знае!
- Хахахаа шефе бе, па Папата ми е куќен пријател!
- Со моите од мали нозе се знае!
- Оди бе лажго еден, одиме во Ватикан одма! - вика шефот.
Одат во Ватикан, Недела ден, Папата од Балконот држи миса, а илјадници верници пред него.
Перо вели:
- Шефе, нема да ме види вака, многу гужва е, ќе одам јас, ме знаат стражарите, ќе ме пуштат да се качам докај него.
Шефов паѓа од смеа, ама ај, му вика, оди.
Се качува Перо на балкон со Папата, се прегрнуваат, Папата мафта на народот, Перо исто до него, двајцата насмеани и мафтаат.
Се симнува Перо доле кај рајата, и го бара шефот, гледа на едно место собрани поголем број луѓе во круг.
Се турка Перо, и гледа легнат шефот на земја, срцев удар доживува:
- Шефе бе! Шефе бе шо ти е?!
- Перооо, не мможам, Перо бе?
- Кажи шефе, кажи!
- Се можев да поднесам, и претседателот и Обама, те гледам и тебе горе, со папата, ама дамла ме удри кога еден кинез ме подбуцна, и ме праша:
- Абе, кој е оној горе до Перо?!
Се појавил Господ и им рекол на мажите да се постројат во две колони, во првата колона да застанат сите мажи кои се главни во бракот и кои се глава на фамилијата а во другата колона мажите кои се под влиjание на жените.
Се построиле мажите и што ќе виде Господ, колоната во која мажите се под влиjание на жените била километарски долга додека во другата колона имало само еден маж.
Се налутил Господ и почнал да вика:
- Како не ви е срам Јас ве создадов вас, за да бидете главни, глава на фамилијата, а не да ме срамите, да бидете под влијание на жените. Ништо не сте научиле, од вас сите само еден ги исполни моите очекувања.
Се свртел кон единствениот маж кој бил во другата колона и го прашал:
- Ајде кажи ми ти сине како ти успеа да бидеш единствен во ова колона?
Mажот одговорил:
- Немам појма, жена ми ми рече да застанам тука.
Фраер и се пушта на убава девојка, која предава веронаука во училиште. Ја кани на состанок и таа се согласува. Ја прашал:
- Може да се напиеме нешто?
- Не, благодарам. Ако прифатам покана на пијалок, што ќе им кажам потоа на своите ученици на часот по веронаука?
После долга прошетка по градот и понудува цигара, а таа одбива со зборовите:
- Не, благодарам, тоа никако. Што би им кажала на моите ученици по веронаука после такво нешто?
Се враќаат во кола, а на патот кон дома типот здогледува мотелче. Си помислил, ај, нема што да изгубам, па ја прашал:
- Сакаш да поминеме таму?
- Може!
- Му одговорила.
Изненаден од нејзиното прифаќање, ја прашува:
- Полека, полека, што ќе им кажеш на своите ученици по веронаука?
Таа му одговара ладнокрвно:
- Токму тоа што секогаш им го кажувам:
"Не мора да пиете и да пушите за да си поминете фино"