if (!string.IsNullOrEmpty(Model.PrevPageFullUrl))
{
}
if (!string.IsNullOrEmpty(Model.NextPageFullUrl))
{
}
Најнови вицови - Page 265
Skip to main content
Девојка се прибира и почнува да го соблекува-фустанот, градникот, гаќичките, застанува пред огледалото, се врти лево, потоа десно, се погалува по колковите, си ги поткрева градите, се врти и со ужас забележува дека во нејзината соба цело време стоел молерот и ја гледал.
Девојката збунета останува без зборови, само го гледа уплашено. Молерот:
– Што е, никогаш ли не си видела молер?
Баба Рога сварила ракија и се чудела со кого да ја испие.
Му се јавила на попот, ама тој синоќа препил ….. бреееее … не бива.
И се јавила се на Ламјата, ама викендов препила и таа…… не бива.
На овој на оној… сите мортус.
На крај му се јавува на Итар Пејо.
– Многу си итар, никој не може да ти се сети, ама дојди да пиеме.
– Веднаш доаѓам.
Баба Рога си ставила една чашка и седнала на прозорецот да го чека.
По некое време го гледа трча трча, па паѓа, станува и пак трча, пак паѓа, станува и пак така….
Конечно стигнал. Баба Рога ставила ракиичка, испиле по една, две, не издржала и го прашала зошто така трчал и паѓал.
– Кога ќе се сетам на ракијата брзам, кога ќе се сетам дека потоа ќе треба да те легнам, ми се слошува и паѓам…
Во Охрид случајно слетуваат марсовци.
Ѕвонат на вратата на некој стан. Отвара мажот и целиот уплашен ја вика и жената да види дали нешто му се причинува. Откога утврдиле дека навистина се марсовци, решиле да пробаат да воспостават пријателски однос. Ги поканиле да влезат дома, се дружеле, вечерале и веќе станало доцна и требало да си легнат. Марсовецот му рекол на охриѓанецот:
– Ние на Марс кога имаме гости си ги менуваме жените за спиење.
Домаќинот малку се помислил, па си рекол зошто да не. Си ги смениле жените и си легнале да спијат.
Наредното утро кога станале, домаќинот охриѓанец малку намуртен, а жена му целата насмеана, ги испратиле марсовците. Кога влегле дома домаќинот ја прашува жената:
– Што си толку весела, како си помина сношти?
– Супер, ме праша само колкав сакаш да го направам, јас му реков 30 и тој си ги сврте ушите неколку пати и оп му порасна 30 сантиметри.
– Ахаааа, затоа онаа сношти цела вечер ми ги вртеше ушите…
50 лаги, без кои македонските мажи не можат!
1. Глупости, воопшто не си поправена.
2. Ќе се напијам само една мала чашка оти утре сум на работа.
3. Политичарите влегуваат во парламентот само за да крадат. Јас, ако влезам, нема да крадам, ќе работам за Македонија.
4. Готвиш поубаво од мајка ми.
5. Од кого е таа СМС-порака во два и пол во ноќта? Од мобилниот оператор е, промоција некаква.
6. Не слушам турбо-фолк.
7. И без шминка си убава.
8. Другари, таа сум ја е***.
9. Секогаш сум можел да емигрирам. Но останав тука, бидејќи каменот си тежи на местото.
10. Тој фустан многу добро ти стои.
11. Скопје – Битола го поминав за еден ипол час.
12. Од Нова година ќе ги оставам цигарите.
13. Ајфоните не ми се по ќеф. Мојот телефон е трипати поевтин, а е со исти можности.
14. Не сакам да гледам пopнo.
15. Жено, татко ти е голем фраер.
16. Мислев да си купувам стан во „Скопје“, но се откажав. Во „Кочани“ ми е многу поубаво, на две минути сум од железничката и од автобуската станица.
17. Кревам 120 лежејќи.
18. Како може да сум заборавил дека денес ти е роденден? Само што сакав да ти го честитам, ама ти се истрча.
19. Не паѓам на силиконски гради. Ако се мали, најважно е да се природни.
20. Во животот има и поважни работи од парите.
21. На евро-турнирите секогаш ги поддржувам македонските тимови, без оглед против кого играат.
22. Сакам да читам книги, но немам време.
23. Купување и продавање на гласови е кривично дело.
24. И „Ферари“ сум возел, и „Порше“ сум возел. Но тоа не се автомобили за наште патишта. Со југото се ми е идеално.
25. Обожавам детски родендени.
26. Според мене Македонките се најубавите жени.
27. Од Скопје сум.
28. „Плејбој“ купувам само поради статиите.
29. За мене најважно кај една жена е нејзината внатрешна убавина.
30. Последен пат сум mactуpбиpaл пред 20 години.
31. Денеска не ми се пие.
32. Високото образование нема никакво значење. Најважно е да имаш памет.
33. Ако не беше турското ропство, сега ќе бевме подобри од Германија.
34. Никогаш не сум завидувал никму.
35. Cekc за една ноќ? Никогаш не сум имал. Не можам да имам cekc без чувства.
36. Судиите секогаш судат против македонските тимови, бидејќи сме мала држава.
37. Македонските мажи се одлични е****. Особено јас.
38. Многу пати сум му велел на Пандев „Еј, техничар си, но ти недостасува брзина“. Тој ми вика: „во право си, батка, така е“.
40. Турските серии по ништо не разликуваат од американските.
41. Навреден сум од недостатокот на морал во студентскиот дом.
42. Вечерва ќе задоцнам на конференција сум. Не ме чекај, легни си.
43. Мајка ти ќе ни доаѓа на гости? Супер!
44. Колата ми се расипа па затоа задоцнив.
45. Сакам вака кога ќе се поправиш. Да има што да фатам.
46. Пријателките ти се многу пристојни девојки.
47. Не сакам никви подароци за мојот роденден.
48. Ми се скрши плејстејшнот? Голема работа, најважно е да сме живи и здрави.
49. Не зјапав. Едноставно се прашував како може да оди со толку кратко здолниште и со такво бесрамно деколте. Идиотка!
50. Казанчето ли се расипа? Утре ќе го поправам…
Рокер добил многу пари на Лото и решил да си купи мотор „Харли Дејвидсон“.
Отишол во продавницата и си одбрал најкул мотор, целиот хром и никел – многу јако светел.
Продавачот му рекол:
– Моделот е одличен, но за да не се оштети сјајот, секогаш треба да носите со вас две туби вазелин и кога ќе видите дека ќе врне, ќе ги премачкувате хромираните и сјајните метални делови.
Си го зел рокерот моторот, си го возел и тубичките си ги користел.
По некое време си фатил cekcи девојка, ја возел нагоре-надолу и еден ден таа го поканила на вечера кај нејзините родители, за да го запознаат. Пред да отидат на вечера му рекла:
– Кај нас дома има едно правило, кој прв проговори на вечерата ги мие сите садови!
Одат кај нив, гледа рокерот – куп садови, неизмиени со месеци. Седнуваат, вечераат, никој збор не пушта. Завршуваат со јадењето и рокерот се чуди што да направи за да се извлече од миењето. Ја фаќа девојката, почнува да ја соблекува, родителите молчат. Продолжува и ја опнува на масата пред очите на родителите, тие ништо не кажуваат.
Ја фаќа мајката, ја опнува и неа, никој збор не кажува.
Во тоа време надвор почнува да грми. Рокерот слуша и брзо ги вади тубите со вазелин.
Таткото веднаш скокнува:
– Полека бе момче, полека, јас ќе измијам садовите, само полека!