Најнови вицеви

Директорот на една Македонска компанија повикува тројца вработени кои задоцниле за работа. Ги прашува за причините.
Првиот:
– Шефе, утрото станав и се спремив за работа точно навреме, како и секој ден. Но, пред да тргнам, жена ми излегува од собата на малиот и вели: „Детето има температура! Оденси не со автомобилот до болницата да го прегледаат.“ Почекав да го прегледаат, ги вратив дома и директно овде, но задоцнив.
Вториот:
– А мојот автомобил не сакаше да запали. Фатив автобус, но сум се качил во 2-ка, наместо во 50-ка и наместо на Рекорд се симнав кај Соборна. Додека се вратив назад, задоцнив и јас.
Третиот:
– Шефе, излегувам јас од дома, ама точно навреме. Само што ја заклучувам влезната врата и слушам од соседниот стан извици: “Помош! Помош!”. Гледам вратата подотворена. Влегувам и што да видам: Комшивката синоќа си го лакирала паркетот. Наутро решила да се истушира и на излегување од бањата се лизнала на новиот паркет – паднала на грбот и се залепила на лакот.
– И ти ја одлепи ли?
– Три пати!…
Си бил еден млад овчар, кој немал ништо друго освен овци и не знаел за ништо друго на овој свет, освен за овци.
Тој си живеел со овците, си зборувал со нив, спиел кај нив, ги сакал и тие за него биле сè. Но, еден ден до пасиштето му отвориле јавна куќа…
Овчарот станал љубопитен, какво е тоа ново нешто и решил да провери. Отишол и тропнал на вратата, една провокативна госпоѓа отворила.
Тој и рекол дека сака да види што е тоа јавна куќа, а таа му рекла дека нема проблем само ако има пари. Работата била што тој немал пари и никогаш не ни имал.
Со тага во срцето решил да ја заколе Доли, една од овците. Немало друг начин, а цврсто бил решил да провери што е тоа до неговото пасиште.
Ја заклал овцата, го продал месото и влегол во јавната куќа.
Сабајлето целото стадо се собрала пред борделот и си го чекале Овчарот да излезе. По некое време, овчарот излегол на тересата гол, се истегнал, погледнал кон овците и им рекол:
– Ќе ве исколам еј, сите ќе ве исколам!
Современи ТЕШКИ клетви:
Лајк да не видиш!
Вонземјани од одмор во Охрид да те земат!
Да даде Господ Латас кравата да ти бира!
Обвинител во банката да ти влезе!
Здравствена реформа да те фати!
Да пукнеш како смартфон на плочки!
Милиони да имаш, и сите за даноци да ги дадеш!
Шминките да ти се исушат!
Со Вeлија Рамковски ортак да станеш!
Да даде Господ син ти зет да донесе дома!
99 дена на диета да си, 99 кила да качиш!
Двете страни на перницата да ти бидат излигавени!
Од вежби аир да не видиш!
Да ти гризне Калиопи од сендвичот од МекДоналдс!
Силиконот да ти пукне!
Да даде Господ девојка ти во Фотошоп да ти се средува!
Платата да ти ја дадат во десетденарки.. метални.
Тирамису со фета сирење да правиш!
Никогаш да не можеш да си ја погодиш водата кога се тушираш!
Бившиот дечко без пудра да те види!
Со позитивното ти размислување по твојата глава!
Да даде Господ детето матура да ти прави како оние во Бугарија!
Постот на Фејсбук да ти го пријават!
Со јужнокорејски авион на Малдиви да одиш!
Да даде господ Линексот шо го носиш за секој случај на одмор, да ти притреба!
Да ти пукне кондомот ко пневматик на F1!
Да даде Господ Драган Вучиќ да и рече на ќерка ти “Браво Султанке”!
Да отидеш во некој хотел кај шо WiFi-то не дофаќа до вецето!
Да даде господ на свадбата Гулабица да ти пее!
На следните избори во сабота да гласаш!