Најнови

Настава за мажи во локалниот Центар за рекреација - уписите се во тек.
Заради комплексноста и тежината на содржините, секој курс поединечно може да биде посетен од најмногу осум членови.
Час 1:
Како да наполните сад за мраз. Чекор по чекор, презентација со слајдови.
Час 2:
Тоалетна хартија: дали таа расте на држачот? Дискусија на тркалезна маса.
Час 3:
Дали е можно да се уринира користејќи техники како подигнување на капакот, избегнување на подот, ѕидовите и соседните санитарии? Групна вежба.
Час 4:
Фундаменталните разлики меѓу корпата за валкани алишта и подот. Фотографии и цртежи со објаснувања.
Час 5:
Садовите по вечерата - дали левитираат или треба да ги ставиме во машина за садови или да ги измиеме? Пример - видео секвенца во АВИ формат.
Час 6:
Губење на идентитетот: одрекување од далечинскиот управувач заради жена. Потешко ниво: одрекување од далечинскиот управувач заради сопствената жена. Хот-лајн за помош и групи за поддршка. Напреден курс: одрекување од далечинскиот управувач заради сопствената жена кога има фудбал.
Час 7:
Напреден интензивен курс: Одрекување од гледање фудбал пред телевизор заради вечерно излегување со жената, гости или пријатели. Обезбедена стручна психијатриска помош и лекарства за смирување.
Час 8:
Утврдување и усовршување на час 7. Тестирање на издржливоста во присуство на партнерката. Забрането одење кај нејзината мајка.
Час 9:
Како да се најдат работите со барање на вистинското место, наместо со испревртување се` наопаку. Отворена дискусија.
Час 10:
Вистинскиот маж прашува за правец кога се изгубил во сообраќајот. Сведоштва од реалниот живот.
Час 11:
Дали е од генетски причини невозможно да молчиме додека таа ја паркира колата вдолж? Симулација на нејзиното возење.
Час 12:
Учиме да живееме: основните разлики помеѓу мајка и сопруга. Студија на разни случаи.
Час 13:
Како да бидам идеално друштво за шопинг? Вежби за опуштање, медитации и техники на дишење.
Час 14:
Како да се бориме против склероза: помнење родендени, годишнини, други важни датуми и јавување по телефон кога доцниме. Се нуди терапија со церебрален сок и потполна лоботомија.
По завршувањето на курсот, преживеаните ќе добијат дипломи.

Маж и жена се одлучиле да одат на одмор на езеро познато како рај за риболовците. Мажот бил мераклија за ловење риба посебно во раните зори, а жената сакала да седи во мир и да чита книги.
Едно утро, после неколку часа риболов, мажот се вратил во куќичката и решил да дремне, а жената тогаш се решила да се прошета со чамче по езерото иако сама баш и не се снаоѓала добро.
Го запалила моторот и го одвела чамецот на едно осамено место, го фрлила сидрото и продолжила во тишина да ужива во својата книга.
По некое време се појавил риболовниот инспектор со својот чамец и се доближил до чамецот на жената:
- Добро утро госпоѓо. Што правите?
- Читам книга – одговорила таа (и во себе си помислила „зарем не е очигледно?!“)
- Се наоѓате на делот од езерото кој е забранет за спортски риболов, ја информирал инспекторот.
- Жал ми е господине, но јас не ловам риби. Јас само седам и читам книга.
- Да, но во чамецот го имате целиот прибор кој е потребен за ловење и ако се прашувам јас, вие можете да почнете да ловите риба во секој момент. Ќе морам да ве однесам до станица и да поднесам пријава против вас, рекол инспекторот.
- Ако вие го направите тоа, тогаш знајте дека и јас ќе поднесам пријава против вас, но, за силување – му одговорила жената.
- Но, јас не ве ни допрев!? – рекол инспекторот.
- Да, но вие го имате целиот потребен прибор и ако се прашувам јас би можеле да почнете да ме силувате во секој момент..
- До видување госпоѓо и уживајте во овој убав ден!
Наравоучение:
Не се расправај со жена која чита. Многу е веројатно дека таа умее и да мисли.