Најпопуларни вицеви

- Докторе, не знам што да правам. Мажот ми ме фати со љубовник и од тогаш пелтечи.
Докторот ја гледа згодна и убава и и вели:
– Дојди утре и доведи го и сопругот. Ќе пробаме со методот клин со клин се избива.
Другиот ден жената доаѓа со сопругот кај докторот и тој се свртува кон него:
– Сега ќе ми кажуваш се што правам со жена ти.
– Д-д-добро.
– Што правам сега?
– Ја со-со-соблекуваш жена ми.
– А сега?
– Л-л-лежиш врз неа.
– А сега?
– Ф-ф-фаќаш т-т-трипер.
– Ш-ш-што-о-о???!!!
Еден цар си имал царство. Го разделил половина за него, а другата половина им ја дал на своите синови.
Еден ден тој ги повикал синовите, им дал еден топ хартии и им рекол:
– Синови мои, решив да се повлечам на заслужен одмор. Кој од вас ќе успее да го скине овој топ хартии, нему ќе му ја дадам мојата половина од царството!
Се мачеле синовите, но не успеале. Тогаш царот им рекол:
– Ајде сега пробајте да кинете лист по лист.
Синовите фатиле и набрзина ги искинале сите листови.
– Запомнете – рекол царот, – три поуки од оваа приказна: 1. Она што не се прави наеднаш, може да се направи постепено, 2. Она што не можеш сам, можеш со пријателите, 3. Она што не може со сила, може со итрина. Разбравте ли?
– Разбравме.
– Ништо не сте разбрале. Штотуку ги искинавте контролниот пакет акции и вашата половина од царството пак стана моја…