Најпопуларни вицеви

Зошто Господ го создал мажот таков каков што е?
Кога Бог го создал магарето му рекол:
– Ќе работиш од утро до вечер и ќе го носиш најголемиот товар на грбот. Ќе јадеш трева и нема да си многу паметно. Ќе живееш 50 години.
Тогаш магарето му рекло:
– 50 години таков живот е многу. Дај ми само 30 години.
Така и се случило.
Потоа Бог го создал кучето и му рекол:
– Ти си куче и како такво ќе го чуваш имотот на човекот и ќе му бидеш најверниот пријател. Ќе ги јадеш остатоците од трпезата на човекот и ќе живееш 25 години.
Тогаш кучето му рекло:
– Господи, 25 години таков живот не се издржува. Дај ми само 10 години.
Така и се случило.
Потоа Бог го создал мајмунот и му рекол:
– Ќе скокаш од дрво на дрво и ќе се однесуваш како будала. Ќе се правиш шут и ќе живееш 20 години.
Тогаш мајмунот му рекол:
– Господи, 20 години како Шут е многу. Дај ми само 10 години.
Така и се случило.
Конечно Господ го создаде мажот и му рече:
– Ти си маж. Единственото разумно суштество кое ќе постои на земјата. Ќе го користиш разумот за да владееш над другите суштества. Ќе владееш на земјата и ќе живееш 20 години.
Тогаш мажот рекол:
Господи, да сум маж само 20 години не е доволно. Дај ми ги те молам 20-те години од кои се откажа магарето, 15-те години од кои се откажа кучето и 10-те години од кои се откажа мајмунот.
Така и се случило.
Од тогаш мажот живее 20 години како човек, а потоа се жени и работи 20 години како магаре и од утро до вечер го носи товарот на семејниот живот. Потоа создава деца и живее 15 години како куче, го пази домот и имотот, јадејќи ги остатоците од трпезата на неговото семејство. И кога ќе остари 10 години се однесува како будала и се прави мајмун за внуците…
Тројца домазети, си пиеле во кафана. Но дошло време да се затвори кафаната, а на домазетите уште им се пиело… но каде? Едниот рекол:
– Кај мене дома нема шанси, знаете како е… ќе ме стрелаат… Другиот и тој така… Третиот рекол:
– Во ред, одиме кај мене!
Одат и овој ги крева сите на нозе, жена, баба, дедо, ги постројува и цела ноќ ги служат како во хотел со пет ѕвезди… салати, ракии, мезиња, вино…
Цела ноќ тројцата уживаат, а семејството лета. Си тргнуваат двајцата наутро и едниот вели:
– Ние ли сме домазети, нас за вакво нешто ќе не иселат од дома… а ти како си ги строил, како ти успеа?
– Па… како да ти кажам… Кога влегов прв пат во оваа куќа, едно куче ми залаја… извадив и му дадов жолт картон. Наредниот ден, пак ми залаја… му извадив втор жолт картон, трет пат ми залаја… му извадив црвен картон, ја извадив пушката и го застрелав!
Сите овде имаат по два жолти картони…