Вицеви за коли и возачи

Фраер и се пушта на убава девојка, која предава веронаука во училиште. Ја кани на состанок и таа се согласува. Ја прашал:
- Може да се напиеме нешто?
- Не, благодарам. Ако прифатам покана на пијалок, што ќе им кажам потоа на своите ученици на часот по веронаука?
После долга прошетка по градот и понудува цигара, а таа одбива со зборовите:
- Не, благодарам, тоа никако. Што би им кажала на моите ученици по веронаука после такво нешто?
Се враќаат во кола, а на патот кон дома типот здогледува мотелче. Си помислил, ај, нема што да изгубам, па ја прашал:
- Сакаш да поминеме таму?
- Може!
- Му одговорила.
Изненаден од нејзиното прифаќање, ја прашува:
- Полека, полека, што ќе им кажеш на своите ученици по веронаука?
Таа му одговара ладнокрвно:
- Токму тоа што секогаш им го кажувам:
"Не мора да пиете и да пушите за да си поминете фино"
Се враќа жената порано од работа и го фаќа мажот и во спална како води љубов со многу привлечна помлада жена.
- Свињо ниедна! Како се осмелуваш да ми го направиш ова на мене – твојата верна жена, мајката на твоите деца! Те напуштам. Сакам развод веднаш!
Мажот и и рекол тивко:
- Може ли барем да ти објаснам што се случи те молам?
- Во ред, кажи ми, ама да знаеш дека тоа ќе ти се последните зборови што ќе ми ги кажеш!
- Вака... се качував во кола од работа кога оваа млада дама ме замоли да ја префрлам. Изгледаше толку тажна, осамена и нежна, па ми падна жал и ја качив во кола. Забележав дека е многу слаба, во валкана облека. По пат ми кажа дека не јадела цели три дена! Бидејќи ми стана ептен жал, ја донесов дома и ја стоплив пицата што ти ја направив синоќа а ти не сакаше да ја изедеш за да не се здебелиш. Кутрата, за 2 минути ја изеде цела.
Бидејќи беше многу валкана, и понудив и да се истушира. Додека се тушираше, забележав дека облеката и е многу стара, валкана и полна со дупки па и ја фрлив. Бидејќи и требаше облека, и ги дадов твоите фармерки, оние што со години не ги носиш дека ти биле премногу тесни. Исто така и ја дадов долната облека што ти ја купив како подарок за годишнина, а не ја носиш затоашто не сум имал вкус за долна облека. Ја најдов и блузата што ти ја подари сестра ми за Божиќ а ти не ја носиш само за да ја нервираш. И ги дадов и твоите чизми што ги купи во оној скапион бутик а не ги носиш затоа што некоја твоја колешка од работа носела исти такви...
Зима длабока воздишка мажот и продолжува:
- Беше толку среќна и благодарна, само да можеше да ја видиш, додека се облекуваше а јас стоев на врата, со солзи во очите ми рече:
- Те молам господине, дали имаш уште нешто што жена ти одамна го нема користено?
Ирска, ќерката ненадејно се врќа дома после 5 години отсуство, за кое време ниеднаш не се јавила.
Таткои ја кара:
- Што е со тебе, ќерко ?
- Те снема, не се јавуваш, не пишуваш, воопшто не знаевме кај си, дал си жива, Мајката многу тагуваше по тебе и што воопшто работиш.
Ќерката плачејќи одговара.
- Тато многу ми е жал станав пpoctиtуtka.
Таткото:
- Што ???
- Па кај ти е образот?
- Ти си предавник на своето семејство.
- Срамота за целото семејство.
Ќерката:
Татко, многу ми е жал дојдов само на мама да и подарам луксузна крезнена бунда, тебе и на мама скапа нова вила со десетина спални соби со базен и тениско игралиште. На брат м Ролех саат а за тебе тато посебно нов Мерцедес кабриолет, последен модел целосно опремен а и уште членарина во Кантри клубото и сите заедно да ве повикам на својата нова јахта.
Таткото:
- Чекај малку што рече дека си станала?
Ќерката плачејќи:
- Пpoctиtуtka тато, опрости ми.
Таткото:
О боже Исусе и Мариј, на смрт ме исплаши !!!!
- А Ја те резбрав ПРОТЕСТАНТКА!!!
- Дојди тато да те прегрне !!!