Си бил некој милионер, кој од хоби собирал живи алигатори и ги чувал дома во базен.
Исто така имал прекрасна ќерка која не била мажена. Еден ден решил да направи журка и ги поканил сите луѓе што ги знаел и што не ги знаел. На сред забава ја прекинал музиката и соопштил:
- Драги гости. Имам предлог за сите мажи овде. Ќе дадам милион долари или раката на мојата ќерка за оној кој ќе го преплива базенов полн со алигатори и жив ќе излезе од другата страна…
Уште не завршен со соопштението милионерот слушнал "пљас" се свртел и видел човек како панично брзо плива од едната кон другата страна од базенот. Откако излегол надвор неповреден, милионерот му се обратил:
- Браво бе дечко. Мислев нема никој да се нафати и жив да излезе, ама ти беше фантастичен. Јас морам да си го одржам зборот, па затоа кажи ми што сакаш, милион долари или мојата ќерка.
- Слушај човек. Не ги сакам ни твоите пари, нити ќерката. Туку која будала ме бутна у базенот.
Рано наутро околу 8, 8 и нешто.
Во аптеката влегува млад човек и го прашува аптекарот:
– Имате ли вијагра?
– Има. И му носи една пилула.
Младичот извадил банкнота од 5000 денари да си плати.
– Многу е рано, рекол аптекарот. Немам да ти вратам.
– Во ред. Ќе одам да купам овошје и зеленчук. Ќе пазарувам и ќе ви платам.
Пазарувал… Истата работа. Рано било и немале да му вратат.
– Во ред. Ќе си купам малку месо. И ќе ви платам.
Во месарницата се случила истата слика. Потоа и во пекарата… немале да му вратат.
– Во ред. Ќе побарам од таксистот да ми раситни.
Се качил во таксито и му ја дувнал…
По еден час, влегува во истата аптека друг млад човек со зборовите:
– Имате ли вијагра?
– Има… Има…
– А каква е? Не сум пробал до сега. Делува ли?
– Пааа… Пред вас помина еден дечко. Зеде едно апче и му ја eбa мајката на целата маало…