Девојката и се пожалила на мајката дека е трудна. Мајката почнала да вришти и да крева паника, да му каже на татко и, дека сака да знае која е свињата која го направила тоа и слично. Девојката кога останала сама направила еден телефонски разговор и после пола саат дошол млад убав и сериозен господин со ферари облечен во скапа облека. Седнал во собата со родителите на девојката и им кажал:
Поради мојата фамилијарна ситуација јас не можам да се оженам со вашата керка но можам да превземам одговорност спрема детето, т.е. ако е женско ќе ви препишам 3 дуќана, една вила на плажа, и 2 стана и 500,000 Ако е машко ќе добиете една фабрика, еден стан, 3 дуќана и пари. Доколку се близнаци ќе добиете сето тоа, ама дупло повеќе, за да има за двајцата. Доколку дојде до спонтан абортус и тука таткото на девојката станува и вика:
Ќе мораш пак со ќерка ми!
Згодна надарена плавуша влегува во казино, вади 10.000 евра и им вели на мажите околу масата:
- Се надевам дека нема да ви смета ако се соблечам гола, така имам повеќе среќа.
Мажите се согласиле, таа се соблекла, ги фрлила коцките и вели:
- Ајде коцкички, ајде, ми требаат нови алишта.
Коцките паднале, плавушата почнала да скока од среќа и да ги гушка мажите околу неа:
- Погодок, погодок!! Ви благодарам многу !!
Плавушата ги зела сите пари од масата, се облекла и си заминала.
Мажите гледаат и не им се верува што се случило.
По некое време некој од нив прашал:
- А бе шо број и падна на оваа?