Во еден град, брачен пар прославувал 25 годишница од бракот. Тие како пар биле познати по тоа што никогаш не се скарале. Медиумите пристигнувале од сите страни да проверат во што е тајната на "Успешниот брак". Уредникот на еден весник прашал:
- Господине, ќе ве молам кажете ни во што е тајната?  Тоа е навистина неверојатно, како успевате?
Човекот почнал да се присетува на деновите поминати на меден месец и ја започнал приказната:
- После венчавката бевме во еден егзотичен град, таму имаше многу забавни содржини. По кратко договарање се одлучивме за јавање на расни коњи. Двајцата најмивме по еден коњ и почнавме да јаваме. Мојот коњ беше мирен и послушен, ама оној на кој јаваше мојата жена беше потполно луд. Наеднаш нејзиниот коњ се вознемири и ја фрли жена ми од седлото долу на земјата! Таа, сосема мирно стана, го потапка коњот и тивко прозборе:
- Ова ти е прв пат!
Го јавна повторно коњот. По кратко време коњот повторно се вознемири и жена ми пак се најде долу на земјата. Повторно стана и со смирен глас му се обрати на коњот:
- Ова ти е втор пат!
Јас бев целосно нем и не можев да се изначудам на смиреноста на мојата жена. Кога коњот и по трет пат ја исфрли од седлото, таа полека го извади магнумот кој и беше закачен за појасот и ладнокрвно го уби коњот. Јас целиот запрепастен и се развикав на жена ми:
- Жено божја, па дали си ти нормална!!? Како можеше да го убиеш кутрото животно?
- Ова ти е прв пат!!! - смирено ми рече Таа.
- Тоа би било тоа, по оваа случка секогаш сме СРЕЌНИ и СЛОЖНИ, заврши мажот со својата приказна.
Мајката свиња изглегува да купи нешто до продавнице и на своите 3 прасиња им вика:
- Кога ќе се вратам ќе тропнам 3 пати, вие ќе прашате за лозинка , лозинката ќе биде Цицам Цицка
Волкот стоел настрана и слушнал ама не дослушал баш за лозинката.
Еве го иде тропа 3 пати, прасињата прашаат, кажи лозинка, волкот не знае.
- Aааа, ти си Волкот бриши од тука.
Се изнервирал Волкот и си рекол утре ќе се скријам и ќе им ја слушнам лозинката и ќе си ги лапосам сите три.
Другиот ден мајката свиња пак излегува и им вика на прасињата.
- Запамтивте нели, три пати тропам на враќање и лозинката е иста од вчера, Цицам Цицка.
Е овој пат Волкот слушнал се и сиот среќен оди кај прасињата и тропа три пати на врата, прасињава прашаат кажи лозинка?
Волкот со сиот глас.
- Цицам цицкаааааа!!!
А прасињата му одговрааат:
- Да ни цицаш ку*ооооооот, мама ни стави окце на вратата!!!
Полицаец ги пушта жената и децата на одмори по една недела оди да им се придружи. Доаѓа во хотелот и одма се нафрла на својата жена.
- Но драги, нема смисла децата се до нас ќе не слушнат, вели жената.
- Да, во право си.
После пола саат одат на плажа на самрак, сами и започнуваат страсно да водат љубов. Дури се во занес поминува полицаец и со висок тон им вели:
- Па добро, како не се засрамите, веднаш да се облечите, вакви работи не се прават на јавно место.
- Ух извинете, вели мажот. Но се немаме видено веќе една недела, па неможевме да ги тргнеме рацете еден од друг. Знаете и јас сум полицаец, не би било добро да ми пишете казна за овој мал прекршок.
- Добро колега, вас ќе ви простам овој пат. Но на оваа ороспија не, ќе плати казна, ова и е веќе трет пат оваа недела да ја фатам на cekc на плажа!!!
Учтив: Прди и вика “Пардон„
Циник: Прди и те гледа в очи.
Кавалер: Прво ја остава дамата да прдне.
Побожник: Прди и кажува - “божја волја“
Безобразен: Прди од чисто задоволство
Осетлив: Прди и вика “аххх“
Весељак: Прди со мотото “кој прди зло не мисли“
Идеалист: Прди од желба, не од газот.
Сентиментален: Прди и мисли како би било добро ич да не прднел.
Неодлучен: Пувка по малку и никако асално да прдне.
Наивен: Прди и мисли како направил нешто многу срамно.
Нестрплив: Едвај чека да прдне.
Добро воспитан: Прашува за дозвола пред да прдне.
Агресивен: Прди и сите прозорци се тресат.
Реалист: Го смета прдежот за нормална работа.
Егоист: Прди само за себе.
Срамежлив: Прди, поцрвенува и се крие.
Музичар: Прди и одредува дали се работи за мол или за дур.
Гурман: Прди со различни звуци и мириси.
Подмолен: Прди за никој да не осети.
Дволичен: Прди и прашува кој прднал.
Дискретен: Прди и вика “ова нека остане меѓу нас“
Невнимателен: Прди и се посерува в гаќи.
Флегматичен: Сеедно му е дали ќе прдне или не.
Колегијален: Дава прилика и на другите да прднат.
Песимист: Уште не ни прднал, а мисли се посрал.
Скептик: Сака да прдне, но не верува дека може.
Умира дегустатор на вино кај еден познат велетрговец со вино, па фирмата објавува оглас за вработување на нов. Се пријавува еден валкан пијаница. Директорот на фирмата се обидува да смисли начин како да го одбие. Му дава чаша вино да проба и пијаницата вели:
- Мускат, три години стар, одгледан на северен рид, однегуван во челично буре. Низок квалитет, но прифатлив.
- Точно,- и вели директорот на секретарката.- Дајте му уште една чаша на проба!
- Каберне, осум години стар, југозападен рид, дабово буре, зреење на 8 степени Целзиусови. Уште три години зреење и ќе ги покаже најдобрите резултати...
- Точно!
Трета чаша...
- Бело шампанско пинот, висок квалитет и ексклузивно,- ладнокрвно вели пијаницата.
Директорот е запрепастен. И намигнува на секретарката и нешто и шепнува. Таа излегува од собата и се враќа со чаша жолта течност. Пијаницата пробува, па вели:
- Плавуша, 26 години. Трет месец бремена и ако не ми дадете работа, ќе кажам кој е таткото!