Седнуваат маж и жена во елитен ресторан да вечераат!
По извесно време во ресторанот влегува згодна девојка, се упатува кај мажот и му седнува во скутот:
- Па каде си љубов моја, те нема да се јавиш 7 дена, не си дојден не памтам од кога, кога ќе се видиме, јави ми се обавезно, станува и си оди!
Жената го прашува својот маж:
- Која ти е оваа?
Мажот мртов ладен одговара:
- Швалерка!
Жената шокирана:
- Ѓубре едно, зар пред моите очи, утре барам развод, оди во п. М.
А мажот :
- ОК! Утре добиваш развод но сфати го следново, кога ќе се разведеш, нема летување во Грција, Шпанија, Египет, Хаваи, Кариби... нема зимување на Алпите, Копаоник... нема скапи коли, јахти, шопинг, накит, шминки, вечера во скапи ресторани...
Жената замолчува.
После неколку минути во ресторанот влегува нивниот познаник, но не со жената туку со згодна девојка!
Кога го виде, жената го прашува својот маж:
- Која е онаа?
На тоа мажот одговара:
- Неговата швалерка!
А жената ни 5 ни 6 вели:
- Нашата е поубава!
Дошла некоја госпоѓа пред Свети Петар и само што почнале со разговор се слуша страшен врисок.
- Што е тоа? - праша она.
- Ма ништо, само на некој му прават дупки на грбот за крила.
Госпоѓата се смирила малку се додека не слушна повторно некој врисок.
- О господе што е сега пак ова?
- Не е ништо, сега му прават дупка за поставување на ореол на главата.
- О боже, ја стварно ова неможам да го поднесам... Ја би отишла во пеколот!
- Ама госпоѓо, таму ќе ве силуваат и искористуваат.
А госпоѓата одговара.
- Па нека, за тоа веќе имам направени дупки.
Новинар интервјуира американски милијардер:
- Како стекнавте толкаво богатство?
- Многу едноставно. Кога стигнав во Њујорк, на пристаништето најдов едно јаболко. Убаво го исчистив и го продадов за еден долар. Со тој долар купив уште две валкани јаболка, ги исчистив и ги продадов за два долари. Потоа купив четири јаболка и!
- Извонредно, се воодушевил новинарот. Потоа повеќе купувавте повеќе продававте!
- Па не, не баш. Кога купив четири јаболка дознав дека умрел дедо ми и дека сум наследил 10 милијарди долари.