Плавуша, жена на Трпе, ептен имала мерак да готви. Секој ден испробувала по еден нов рецепт и го готвела со голем мерак. А, еве како изгледа нејзиниот дневник:
Понеделник: Еве заврши и медениот месец и се сместивме во нашиот нов дом. Многу е забавно кога готвам за Трпе. Денес направив преубав колач по овој рецепт: „Изматете 12 јајца одвоено“. Но, немав доволно садови (12?!) па морав да позајмам неколку од комшиите. Колачот излезе супер.
Вторник: Сакавме овошна салата за вечера. Во рецептот пишуваше: „Послужете ја без ништо“. Тоа и направив. Се соблеков гола. Но, Трпе донесе некои пријатели на вечера. Никогаш не сум видела така зачудени лица додека послужувам салата.
Среда: Се одлучив да правам грашок по рецепт кој вели вака: „Потребно е добро миење пред да се стави грашокот во водата“. Така, ја загреав водата, се избањав, па дури после го ставив грашокот да се готви. Не ми е јасно зошто, и вака и така немаше ништо подобар вкус.
Четврток: Денес Трпе бараше салата. Пробав нов рецепт. Вели: „Исецкајте ги сите состојки и потоа истурете ги по листовите од зелената салата еден час пред да ја послужите.“ Морав да истрчам скроз до градината на мајка ми. Ги истурив состојките по листовите од зелената салата и чекав цел саат за да случајно кучето не ги изеде. Трпе помина да ме праша дали се чувствувам добро. Се прашувам зошто?
Петок: Денес најдов едноставен рецепт за колачиња: „Ставете ги сите состојки во сад и добро измешајте – и тоа е тоа.“ Откако го направив ова отидов кај мајка ми. Веројатно нешто не е во ред со рецептот или садот, затоа што кога се вратив дома, смесата во садот изгледаше исто како кога ја оставив.
Сабота: Трпе беше денес на пазар и донесе кокос. Ме замоли да го спремам за недела. Не бев сигурна како се облекуваат кокосите во недела, но најдов едно слатко фустанче и мали чевличиња. Изгледаше преслатко, но кога Трпе го виде, излезе од кујната броејќи до 50?!
Недела: Денес дојдоа родителите на Трпе на вечера. Сакав да направам печење, ама во замрзнувачот имавме само хамбургер. Така, го ставив во рерна и подесив на командата печење. Мора нешто на не е во ред со рерната, затоа што на крајот од печењето повторно излезе хамбурер?!
Добра ноќ драги дневнику. Ова беше возбудлива недела. Одвај го чекам утрешниот ден да испробам некој нов рецепт за Трпе.
Нема ни грам вистина во тоа дека информатичарите носат карирана кошула и дека размислуваат бинарно.
Тие имаат совршена програма во главата, па поради тоа разликуваат 10 типови на жени:
1. Интернет жена:
Морате да платите за да добиете пристап до неа.
2. Сервер жена:
Секогаш е зафатена и преокупирана кога ви е вас потребна.
3. Windows жена:
Знаете дека има многу недостатоци, но без неа не можете да живеете.
4. PowerPoint жена:
Совршена да ја презентирате на некоја свеченост.
5. Excel жена:
Вели дека знае и може да направи многу работи, но вие ја користите само за оние 4 основни.
6. Word жена:
Од ден на ден, се повеќе ве изненадува! Не постои никој на светот што може да ја разбери.
7. Емаил жена:
Од десет работи кои ви ги кажува, девет се чиста глупост.
8. MS DOS жена:
Сите веќе ја имале, но никој повторно не ја сака.
9. Screen saver жена:
Нема битна функција, но не зависно од тоа, многу сакате да ја гледате.
10. Backup жена:
Мислите дека има се, но кога нешто ќе ви затреба, сваќате дека нешто и фали.
Во бон тон школо и добро однесување седат група млади и слушаат предавање.
Младата професорка поставува прашање:
- Перо, и се удвараш на девојка од добра и угледна фамилија, образована и ја покануваш на вечера. Одеднаш, мора да одиш до wc.
Што ке и кажеш?
- Ќе кажам – причекај ме малку ќе одам да мочам.
- Ова е многу просто и некултурно од твоја страна.
- Спасе, што би рекол ти?
- Извини, би морал да одам до wc одма се враќам.
- Ова е нешто подобро, ама не е убаво да спомнуваш wc за време на вечера.
- Анте, како ти би ја употребил својата интелигенција и способност и го покажеш твоето добро однесување?
- Па ја би рекол:
Извинете што морам да излезам на момент, мила, одам да му пружам рака на еден мој близок пријател, со кој се надевам дека ќе имам прилика да Ве запознам после вечерата.
Три жени загинале во сообраќајна несреќа и се нашле пред вратите на рајот. Ги дочекал Свети Петар и им рекол:
- Добре дојдовте мои дами. Овде во рајот имаме само едно правило, никогаш немојте да згазнете патка!
И ги вовел жените во рајот. Насекаде имало многу патки, практично било невозможно да се движиш, а да не нагазиш некоја од нив.
Трите жени се движеле многу претпазливо, но едната нагазила една од патките. Истиот момент стигнува Свети Петар со многу грд маж и го врзува за жената.
- Затоа што згазна на патка, твојата казна е да бидеш врзана за овој грд човек цела вечност.
Другите две жени откако го виделе ова биле уште попретпазливи, но наскоро една од нив згазила и убила една патка.
Повторно доаѓа Свети Петар со уште погрд маж и ги врзува еден за друг. И вели:
- Затоа што згазна на патка, твојата казна е да бидеш врзана за овој грд човек цела вечност!
Третата жена не сакала да го доживее она што го доживеале другите две.
Таа успеала месец дена да не згазне на ниту една патка, кога одеднаш стигнал Свети Петар со еден згоден убав маж и ги врзува еден за друг. Висок, мускулест, со бронзен тен... совршен.
Жената го прашува човекот:
- Се прашувам што направив за да бидам со вас врзана цела вечност!?
Човекот одговорил:
- Не знам за вас, ама јас згазнав на една патка!
Два саат преко ноќ, спиев сви дома, к'д од ед'н пут, некој ѕрнннн, ѕвони на врата.
Иде муж у пижаме, отвара врата и има што да види, пијандура се држи за касу од врата, едвај стои на ноге.
- Што е бе, што сакаш, прашује муж.
- Може ли да искочиш, да ме гурнеш малко, нема кој да ми помогне?
- Што, абе тачан ли си, вика муж... Нели видиш дека е рог т'мнина надвор, марш...
Залупи врата и отиде да си легне до жену.
- Кој беше, прашује жена.
- Пијандура некоја, тражи да га гурам...
- Па иди бе, вика жена... Сеќаш ли се к'д на нас ни изгаси ауто у сред ноќ, а надвор киша, глуво куче немаше, да не бесва тија двоица, кој знае к'д ќе се вратесмо дома...
Муж се осети јадно, текне му дека е б'ш такој како што збори жена му, па искочи надвор и вика:
- Еј, куде си бе?
А пијандура се јавља:
- Еве сам на љуљашку, дојди да ме гурнеш
Драги наши,
Не можеме да го конфирмуваме нашето доаѓање ова лето, но како што работите стојат, изгледа дека ќе мора да ги кенселуваме нашите тикети кои ги букиравме, бидејќи нè уби ратата за таунхаусот што ја купивме. За тикети имаме, ама некако не можеме да собереме за презентс за сите вас.
А јебига, без тоа не ни се доаѓа. Неќеме да нè сметате за некакви си панкови, како што зборуваат за Перо и неговите кога на своите дома им донесоа по $100 долари, како ништо да не работеле во Канада.
Ние така не сакаме. Или доаѓаме како аџии или никако. Затоа се договоривме да сејвуваме што повеќе можеме и да ви се одолжиме за следниот векејшн. Инаку, тука живееме доста добро.
Јас работам фул тајм и уште два парт тајма, а Трпана пронајде и трети парт тајм преку викендите, но добро ги ускладивме шифтојте, па можеме да се гледаме секој втор вик.
Може тоа е малку незгодно за Џесика, но неа и плаќаме дејкер после училиште, а од таму ја зима нејзината бебиситерка и ја носи дома на бед тајм.
Таа, иако е мала, сфаќа дека толку работиме за нејзино добро и дека вака мора да биде додека не ја отплатиме ратата. Секој фритајм го користиме да бидеме со неа, па ластсамр успеавме да ја однесеме на Грејт Лекс.
И купивме и хот-дог и ајскрим и од тогаш на сите им раскажува колку и било бјутифул. Јас имам доста работа околу таунхаусот, ја катувам тревата, чистам и некако имам по неколку часа да го средам бејсментот бидејќи сакаме да го рентаме и така да го зголемиме инкамот.
Како што гледате, дека не е лесно – не е, но кога човек е хард воркер и кога добро ќе испланира скеџуал, може да постигне.
Јас фино ја дотерав линијата на 130 паунди, па некои наши комшии тука се шегачат дека се исушив од што работам и спијам само четири часа, но тоа е само затоа што се џелос на мене.
На човек ништо повеќе не му треба, а и тоа се само првите 25-30 години, додека не ја отплатиме ратата, а после ќе уживаме.
Слушнав дека Стојмир и оваа година оди за Македонија. Тоа е, му се може кога веќе 10 години развозува пици за пари, а жена му отвори бјути салон во станот, па овие нашиве гуски навалиле ко нездрави на херкат кај неа.
Но, што им вреди кога не знаат да инвестираат, туку сите пари им одат на некои патувања и други ступид шеми. Затоа цел живот ќе биде гуска која го рента својот апартмент, а ние имаме проперти и сејвинг акаунт во банка. А, тој постојано мејкс фан од мене и раскажува околу колку сум фул и не знам да живеам.
Скоро секој сатрдеј навечер јас и мојата Трпана пиеме по еден кејс пиво, од оној малиот од сикс. Додуша, она пие само по едно затоа што мора на најтшифт од 9, но затоа јас рилекс и смачкувам сè останато и во сандеј работам дури од 8 наутро.
Затоа, кога ќе го видите Стојмир не му верувајте што зборува, бидејќи тој не е човек за респект. Тоа е ризн зошто не ви пратив долари по него, затоа што знам дека ќе каже дека сум голотија и дека немам ни за себе.
Моментално да, темпорари сме малку шорт, но тоа е само додека не го отплатиме ратата, првите 25-30 години. После сите ќе уживаме!
Ве поздравува сите вашиот брат Трпе!