Еден цар си имал царство. Го разделил половина за него, а другата половина им ја дал на своите синови.
Еден ден тој ги повикал синовите, им дал еден топ хартии и им рекол:
– Синови мои, решив да се повлечам на заслужен одмор. Кој од вас ќе успее да го скине овој топ хартии, нему ќе му ја дадам мојата половина од царството!
Се мачеле синовите, но не успеале. Тогаш царот им рекол:
– Ајде сега пробајте да кинете лист по лист.
Синовите фатиле и набрзина ги искинале сите листови.
– Запомнете – рекол царот, – три поуки од оваа приказна: 1. Она што не се прави наеднаш, може да се направи постепено, 2. Она што не можеш сам, можеш со пријателите, 3. Она што не може со сила, може со итрина. Разбравте ли?
– Разбравме.
– Ништо не сте разбрале. Штотуку ги искинавте контролниот пакет акции и вашата половина од царството пак стана моја…
Маж се буди после цела ноќ пиење, главата го боли, на ништо не се сеќава. Му ѕвони на телефон на другарот:
– Митко, синоќа пиевме ли кај вас?
– Пиевме.
– А кај вас ли лимонот потскокнуваше на масата?
– Какви глупости зборуваш бе?
Му ѕвони на следниот:
– Пешо, пиевме ли кај вас?
– Пиевме.
– А кај вас ли лимонот потскокнуваше на масата?
– Абе ти да не си луд?
Му ѕвони на третиот:
– Ване, синоќа пиевме ли кај вас?
– Пиевме.
– А кај вас ли лимонот потскокнуваше на масата?
– Ти ли беше гаду?! Како можеше да го исцедиш мојот канаринец во водката???
Двајца зајаци во шумата си купиле шише ракија. Седнуваат да пијат, но немаат ништо за мезе. Гледаат – на едно дрво седи врана со парче сирење во клунот. Едниот оди до дрвото и вели:
– Здраво-живо, врано!
Таа молчи.
– Сакаш ли да локаш со нас?
– ДА! – Изгракува птицата.
Сирењето паѓа, зајаците го земаат и си пијат и мезат сами.
Следниот ден зајаците повторно купуваат шише ракија и пак немаат мезе. На дрвото повторно седи истата врана со парче сирење.
– Врано, сакаш ли да локаш со нас?
Молчење… Зајакот вади чаша и почнува да става ракија…
– Доста ли ти толку?
Враната:
– Да!
Сирењето пак паѓа и зајаците пак го земаат и си пијат и мезат сами.
Третиот ден сè се случува повторно.
– Врано, ќе локаш ли со нас?
Молчење…
Зајакот става ракија…
– Доста ли толку?
Молчење…
– Што ти е тебе ма? Мислиш ли дека сакам да те зафркнам?
– ДА!
Двајца пријатели се среќаваат после многу години. Првиот прашува:
– Како си пријателе? Не сум те видел со години!
Вториот одговара, но многу бавно:
– Д-о-б-р-о с-у-м.
– Еј, гледам дека веќе не пелтечиш како порано!
Одговорот пак доаѓа многу бавно:
– Д-а, о-д-е-в н-а л-е-к-а-р и т-о-ј м-и п-р-е-п-о-р-а-ч-а д-а з-б-о-р-у-в-а-м б-а-в-н-о и ј-а-с-н-о.
– Честитки за тоа! А, инаку како си? Се ожени ли?
– З-а м-а-л-к-у… т-а-м-а-н с-е б-е-ш-е с-п-р-е-м-н-о т-а-а м-и р-е-ч-е м-а-н-и-ј-а-к, м-и у-д-р-и к-о-л-е-н-о в-о т-о-п-к-и-т-е и м-и г-о ф-р-л-и п-р-с-т-е-н-о-т в л-и-ц-е.
– Како така бе пријателе? Па ти си многу културен човек!
– Б-е-в-м-е в-о п-а-р-к-о-т, е-д-н-о к-у-ч-е с-и г-о ч-е-ш-а-ш-е г-р-б-о-т, и р-е-к-о-в д-а г-о п-о-г-л-е-д-н-е и д-е-к-а и н-и-е м-о-ж-е-м-е д-а с-и п-р-а-в-и-м-е т-а-к-а к-о-г-а ќ-е с-е з-е-м-е-м-е. П-о-т-о-а и г-о д-а-д-о-в п-р-с-т-е-н-о-т.
– И за ова ти го фрли прстенот и ти удри колено?!
– Д-о-д-е-к-а д-а и г-о к-а-ж-а-м с-е-т-о о-в-а с-о б-а-в-н-о-т-о т-е-м-п-о… г-л-у-п-о-т-о к-у-ч-е в-е-ќ-е с-и г-и л-и-ж-е-ш-е т-о-п-к-и-т-е…