За време на лекција во петто одделение, наставникот ги прашува учениците:
– Деца, што е тоа што најмногу го возбудува човекот?
Од првиот ред крева рака Трпе:
– Ништо не може повеќе да возбуди човек од глетката на гола жена!
– Трпе, марш надвор од час и да му кажеш на татко ти утре да дојде во училиштето!
Следниот ден, наставникот влегува во петто одделение и гледа дека Трпе се крие во последната клупа.
– Трпе, стани! Мислиш нема да те видам ако се преместиш од првата во последната клупа? Зошто не му кажа на татко ти да дојде?
– Му кажав наставнику, и тој ми рече дека ако вас не ви возбудува глетката на гола жена, тоа значи сте геј и дека за мене е подобро да седам подалеку од вас!
Директорот излегува од работа и оди во викендицата со секретарката. Коњак. Бонбони... Заеднички туш... Жестоко...
Вечерта се враќа дома, уморен поглед, бакнеж и молба кон сопругата:
- Те молам постави ја вечерата, денес се уморив како куче.
Жената оди во кујната и му поставува кременадли, му отвара пиво и на крај му дава десерт.
Легнуваат во спалната, свети само телевизорот.
Жената вели:
– Цел ден го чекам овој момент и одвај дочекав да си дојдеш и наеднаш – СМС.
- Тој скокнува бос, брзо го грабнува телефонот од масата и трча во тоалетот.
Се затвора внатре за да ја прочита пораката на раат:
- „Те сакам! Мислиш ли на мене? Колку јако беше денес, колку чувства имаше! А тој фантастичен оргазам. Таква сласт и задоволство. Не ли е тоа Рајот?“
Тој брзо ја брише пораката. Си ја поправа пижамата, излегува и си мисли
- „Мора да бидам повнимателен во иднина. Во душата ми е пролет, но не дај боже жена ми да разбере.“ и излегува од тоалетот а жената со ладен поглед го чека пред вратата и налутено му вели:
– Зошто го зеде мојот телефон?!