По забавата организирана од фирмата во која работи, Кире се прибира дома среде ноќ.
Во едната рака држи пиво, а со другата ја гушка секретарката Цеца со големите гради.
– Што е ова бе идиot! – веднаш започнува да вика жена Митра на вратата.
– Ќе правиме тројка ма! Одвај ја убедив Цецето! Ти, ако не сакаш – може и да не учествуваш!
После еден месец. Петок вечер. Кире се прибира од работа капнат од умор и што да види – во дневната соба, на неговата фотелја се оптегнал еден огромен Арап, гол како од мајка роден. Во едната рака држи чаша и пие од 12-годишното виски, што Кире си го чува само за посебни потреби, а во другата – впечатливо машко достоинство.
– Митро!!! Што е ова мори?!
– Е па Кире, ќе правиме тројка. Одвај го наговорив човекот. Ама, јас пак нема да учествувам!
Евреин го учи синот како се прави бизнис. Му вели:
– Еве, замисли дека Петре Стојанов ни должи пари, но доцни со враќањето. Напиши му писмо. Синот пишува:
„Почитуван г-дин Стојанов. Според нашите документи, Вие ни должите одредена сума пари, која требаше да ни ја вратите минатата недела. Се надеваме дека само поради невнимание сте заборавиле да ни ја исплатите“.
– Не така! – Вели таткото. – Треба пократко! Бизнис писмо се пишува кратко и јасно! И мора да биде поостро!
Синот пак пишува:
„Г-дин Стојанов, се надевам дека не сте заборавиле дека ни должите одредена сума на пари“.
– Пократко! – Коментира пак таткото.
Синот пак седнува и пишува:
„Г-дин Петре, вратете ни ги парите.“
Таткото веќе видно налутен му вели:
– Абе колку пати да ти повторувам дека бизнис писмо се пишува кратко и мора да биде остро. Еве вака:
„Петре, кога?“
Една жена и се жали на својата пријателка дека мажот и не ја погледнува а камо ли да си го извршува брачниот долг...
– Ееее и јас бев во истата ситуација пред некое време, а сега овој мојот ме растура секој ден… Има една продавница, во која се продаваат чорапи плетени од посебна волна. Ги прават тибетски монаси и резултатот е неверојатен, подари му ги на мажот ти и кога ќе се врати од работа… кога ќе те фати… душата ќе ти ја извади!
Отишла госпоѓата до продавницата, ги купила чорапите и му ги подарила на нејзиниот сопруг.
Наредниот ден повторно се среќаваат двете пријателки.
– Како се чорапчиња, душо?
– Ооооооф многу полошо стана… Кога се врати мојот од работа, јас го чекав во спалната соба, без облека… А тој се стрча кон кујната, го отвори фрижидерот, ја грабна најголемата краставица и ја заби во задникот…
– Лелееее душооо, тој твој идиot ги облекол чорапите наопаку…