Иде некој дедо 80 годишен на преглед и докторов му вика:
- Браво бе деде имаш супер крвна слика, притисокот ти е ко на младич, добро се движиш, како бе вака се одржуваш во кондиција?
- Абе види, станувам сабајле рано, ги пуштам тоа патките по дворот и ги бркам цел ден и така вежбам!
- Ех не е до тоа сигурно, од патки бркање не се чува здравјето, сигурно е некој ген кажи ми на колку години почина татко ти?
- Кој бе починал скраја да е, жив е човекот!
- Како бе жив?!?!? Колку години има?
- 99 години.
- Жити се, па он како се одржава?
- Исто бе исто, стануваме од сабајле ги пуштам патките и трчаме!
- Абе ти викам неможе од тоа да е, кажи ми дедо ти на колку години почина?
- Ти бе ненормален да не си? Какво умирање, супер си е дедо, 120 години има!
- Што и дедо имаш??? Па добро бе и он ли трча по сабајле со вас?
- Па како, ама денес неможеше бидејки ќе се жени па има обврски!!!
- Ќе се жени?!?!?! Па добро бе што му текнало на 120 години да се жени жити се?
- Абе и он нејќе ама неговите го тераат!!!
Си бил малиот Трпе ама му требале пари. Отишол кај татко му и го замолел да му даде пари, на тоа татко му одговорел: марш таму да ги заработиш. Така малиот Трпе од дворот земал еден петел и отишол кај комшиката да го продаде. Комшиката го поканила да влезе и му рекла да почека да му даде пари. Тогаш некој заѕвонел на врата и комшиката малиот Трпе го скрила во регалот бидејки мислела дека е мажот и, но тоа бил некој друг човек. По половина час повторно некој човек заѕвонел на вратата и комшиката повторно и него го скрила во регалот, но овој пат бил мажот. Така во регалот малиот Трпе му рекол на човекот:
" абе да не сакаш да купиш петел. Ако не купиш ке почнам да викам! Човекот немал друг избор па му дал пари. Потоа малиот Трпе му ги побарал назад парите, а овој бидејки немал друг избор му ги вратил. Откако малиот Трпе неколку пати го направил тоа отишол дома и му рекол на татко му:
" тато тато види колку пари собрав за петелот" а на тоа татко му одговорил " аман доста еден копиљ цела вечер ми продаваше еден петел"
Некаде во Америка, еден милјардер рекол дека ќе му даде 5 милиони долари награда на секој кој ќе успее да плива езеро полно со крокодили. Ако некој се обиде, но не успее, неговото семејство ќе добие 3 милиони долари.
Поминало некое време и немало кандидат, сите се мислеле, но никој не се осмелувал да заплива. Наеднаш еден од заинтересираните храбро скокнал и почнал да плива. Се борел, пливал во секој стил, се трудел со сета сила и на крај целиот искасан одвај успеал да стигне на брегот. И нормално тој налутен почнал да пцуе и прашал:
- Кој ме турна?!
Се испоставило дека тоа била неговата сопруга.
Од таму доаѓа поговорката: „Зад секој успешен маж стои жена“!