Си бил еден млад овчар, кој немал ништо друго освен овци и не знаел за ништо друго на овој свет, освен за овци.
Тој си живеел со овците, си зборувал со нив, спиел кај нив, ги сакал и тие за него биле сè. Но, еден ден до пасиштето му отвориле јавна куќа…
Овчарот станал љубопитен, какво е тоа ново нешто и решил да провери. Отишол и тропнал на вратата, една провокативна госпоѓа отворила.
Тој и рекол дека сака да види што е тоа јавна куќа, а таа му рекла дека нема проблем само ако има пари. Работата била што тој немал пари и никогаш не ни имал.
Со тага во срцето решил да ја заколе Доли, една од овците. Немало друг начин, а цврсто бил решил да провери што е тоа до неговото пасиште.
Ја заклал овцата, го продал месото и влегол во јавната куќа.
Сабајлето целото стадо се собрала пред борделот и си го чекале Овчарот да излезе. По некое време, овчарот излегол на тересата гол, се истегнал, погледнал кон овците и им рекол:
– Ќе ве исколам еј, сите ќе ве исколам!
Еден селанец си чувал многу свињи. Еден ден дошол инспектор и го прашал:
– Со што ги храните свињите?
– Па, кога има пченка со пченка, инаку со отпадоци од храна. Зошто?
– Јас сум од Здружението за заштита на животните. Не ги храните како што треба – тие не треба да јадат отпадоци. – И го казнил.
По два дена дошол друг инспектор и го прашал со што ги храни свињите.
– Па, со лосос, кавијар, со ракчиња. Зошто? – Прашал селанецот.
– Јас сум од ООН. Не може, кога милиони луѓе умрат од глад, вие да ги храните свињите со деликатеси. – Исто така го казнил. По неколку дена дошол трет инспектор и го прашал селанецот со што ги храни свињите.
– Па, јас не ги хранам! Им давам по 100 денари на ден, да си купат што им се јаде! – одговорил луто селанецот.
Рано наутро околу 8, 8 и нешто.
Во аптеката влегува млад човек и го прашува аптекарот:
– Имате ли вијагра?
– Има. И му носи една пилула.
Младичот извадил банкнота од 5000 денари да си плати.
– Многу е рано, рекол аптекарот. Немам да ти вратам.
– Во ред. Ќе одам да купам овошје и зеленчук. Ќе пазарувам и ќе ви платам.
Пазарувал… Истата работа. Рано било и немале да му вратат.
– Во ред. Ќе си купам малку месо. И ќе ви платам.
Во месарницата се случила истата слика. Потоа и во пекарата… немале да му вратат.
– Во ред. Ќе побарам од таксистот да ми раситни.
Се качил во таксито и му ја дувнал…
По еден час, влегува во истата аптека друг млад човек со зборовите:
– Имате ли вијагра?
– Има… Има…
– А каква е? Не сум пробал до сега. Делува ли?
– Пааа… Пред вас помина еден дечко. Зеде едно апче и му ја eбa мајката на целата маало…
Проблемот не е во тоа што жената го командува мажот во семејството, туку во фактот што крајно погрешно командува. Драги жени, еве неколку докажано функционални команди за мудар семеен менаџмент:
– Доста миеш чинии!!! Марш на риба!!!
– Не сакаш да јадеш чорба? Тогаш ќе јадеш пржена шницла…
– Што само ја меркаш убавата комшивка, целиот влез веќе ја помина, ќе помислат дека сум се омажила за „обратен“…
– Не сакам крзнено палто и ракавици! Дотерај си ја колата и купи и поубав ауспух да не ме срамиш пред луѓето…
– Сакам да се поправиш!!! Твоето сало ме возбудува, а чкембето ти е поудобно од воден кревет…
– Другите мажи веќе шестата ракија ја пијат, а ти се лигавиш со втората!!!
– Наместо да играш Бељот со пријателите, ти ми седиш во куќи!? За тебе кафани нема ли?
– Дојди веднаш и направи ми еден полн третман, оти многу сум уморна и главата ќе ме прсне.
Одел маж по пустина. Му се припило вода, ја кренал глава нагоре и рекол:
– Господи, како ми се пие вода…
Одеднаш небото се отворило и пред него паднала една лопата. Се слушнал глас:
– Копај!
Човекот покопал малку и нашол вода. Се напил и рекол:
– Господи веќе не сум жеден.
Гласот одозгора:
– Врати ја лопатата!
Продолжил мажот натаму. Огладнел и рекол:
– Господи, колку сум гладен.
Одозгора пак паднала лопатата и гласот му рекол:
– Копај!
Покопал малку човекот и нашол храна. Се најал и рекол:
– Се најадов!
Гласот одозгора:
– Врати ја лопатата!
Продолжил човекот да оди и го фатил меракот. Рекол:
– Господи, како ми се е**!
Одозгора пак паднала лопата и повторно се слушнал гласот:
– Копај!
Почнал тој да копа, копал час, копал два часа… По пет часа копање се исправил и рекол:
– Лелеее, како си го начукав…
Одозгора се слушнал гласот:
– Врати ја лопатата!