Примитивните луѓе тргнуваат на лов. Гледаат – стадо мамути. Сите се уплашиле, само еден рекол:
– Што се чудите, скокаме кон нив и викаме на цел глас, тие се разбегуваат, одделуваме еден од стадото и го убиваме.
Така се појавиле порчниците.
Скокаат, викаат, одделуваат еден мамут од стадото, но тој се крие во шумата. Стојат и се чудат. Еден вели:
– Што се чудите? Ќе направиме обрач околу шумата, ќе го стеснување пополека и ќе го најдеме.
Така се појавиле генералите.
Го наоѓаат мамутот, го опкружуваат, но тој беснее – на сите им е страв да се приближат. Само еден замавнува силно, фрла копје, го погодува ѕверот во окото и го убива.
Така се појавиле снајперистите.
Среќни примитивните ловци мамутот го носат во пештерата. Го сечат и уморни од ловот, легнуваат да спијат. Стануваат наутро и што да видат – месото го нема…
Така се појавиле министрите за одбрана.
Во авион се подигнат Бил Гејтс, Меси, Папата и македонски турист со ранец полн со храна.
Во еден момент од летот пилотот излегува од кабината и вели:
– Авионот паѓа, ние сме 5 луѓе, а имаме само 4 падобрани – зема 1 падобран и скокнува.
Меси вели:
– Јас сум најдобриот светски фудбалер, мора да преживеам! – Зема и тој 1 падобра и скокнува.
Бил Гејтс вели:
– Јас сум најпаметниот човек во светот, мора да бидам спасен! – Зрма 1 падобран и скокнува.
Остануваат Папата и Македонецот. Папата:
– Сине мој, јас сум стар, Бог ќе се погрижи за мене, скокај, спасувај се.
– Нема потреба. Најпаметниот човек во светот скокна со ранецот со храна.
Разговараат двајца пријатели и едниот раскажува како си поминал во Шпанија.
– Кога бев во Шпанија, гледав борба со бикови. По борбата влегов во најблиското ресторанче да пробам некое национално јадење. Додека чекав, келнерот помина со еден послужавник, на кој имаше една чинија полна ориз со магдонос, а врз него две големи топки од месо. Го прашав што е тоа и тој одговори дека тоа е Тестароса, специјалитет кој се прави од тестисите на бикот. Еднаш сум во Шпанија па решив да пробам и ми се допадна. По неколку дена се вратив пак таму и си нарачав од истото јадење. Овој пат келнерот ми донесе една мала чинија со малку ориз и две мали топчиња месо на врвот. Прашав дали не ја згрешил нарачката за Тестароса, а тој ми вели: „Не, Сенор, јадењето е исто… само понекогаш бикот победува.“
Жена за роденденот си направила фејслифтинг. Се воодушевила од резултатот. Одејќи си дома влегла во еден бутик. Откако разгледала, му се обратила на продавачот:
– Знам дека е малку необично, но може ли да ве прашам колку години ми давате?
Продавачот ја погледнал и рекол:
– Пааа 35.
– Супер! Вистината е дека сум 45! – И задоволна излегла од бутикот.
Потоа отишла во „Мекдоналдс“. Откако си купила храна го прашала касиерот:
– Извинете за прашањето, но според вас колку години имам?
Касиерот ја погледнал:
– Мислам околу 30.
– Одлично! Како ќе реагирате ако ви кажам дека сум 45… – и задоволна излегла.
Застанала на автобуската постојка, а до неа имало само еден дедо. Жената не издржала:
– Дедо, извини за прашањето, но според тебе колку години сум?
– Да ти кажам искрено чедо, имам талент да познаам точно колку години си, но е малку е непријатно – треба да ти брцнам во гаќите…
Погледнала жената наоколу – нема никој. Се согласила. Буричка дедото во гаќите и за околу 5 минути, ја вади раката и вели:
– Ти чедо имаш 45 години.
– Невозможно, како позна?!!!
– Бев зад тебе во „Мекдоналдс“.
Оди маж по Партизанска во 23:30 и гледа една одлична риба која оди кон него! Мажот ја запира и ја прашува:
– Извини, ќе спиеш со мене?
– Абе идиot, ти ненормален ли си, кретен, ѓубре, манијак… (итн. итн.)
Мажот малку се стаписал, но продолжил:
– Илјада пати извини!!! Можеби не почнав на најдобар начин… Добро, ајде да почнам вака:
Сакате ли сега ние двајцата да одиме до мојот џип, кој е паркиран на соседниот паркинг, да се качиме во него, да одиме до мојата нова трикатна куќа на Водно, за да си ја земам златната кредитна картичка, а потоа да одиме на аеродром и да го фатиме првиот авион за Париз… Таму да ве однесам во најубавиот ресторан и потоа откако ќе се прејадеме црн кавијар и ќе изпием барем 2 шишиња првокласен шампањ, да тргнеме по париските бутици и да ви купам златен ланец украсен со дијаманти, палто од Ив Сен Лоран, црн фустан од последната колекција на Коко Шанел, нова торба Луј Витон…
Жената на тоа рекла:
– И чевли, и чевли!!!
Реченици кои никогаш, ама никогаш не се кажани:
1. Оваа фрлачка на ѓуле е многу cekcи.
2. Одвај чекам пак да отидам во Охрид.
3. Завршив факултет и сега сум машина за пари.
4. Ние изгубивме на изборите.
5. Оскарот за најдобра машка улога оди кај… Леонардо ди Каприо.
6. Нашите политичари мислат за Македонија.
7. Тоа дете ме удри на улица, да е живо и здраво.
8. Познавам некои кој се збогатил со работа.
9. Многу сум среќен што ми ја намалија платата.
10. Шефе, имам премалку работа.
11. Пивскиот стомак супер ти стои.
12. Те молам, никогаш не ја дели веѓата на две.
13. Овие бели спортски чорапи со два вкрстени тениски рекети и сандали, многу ме возбудуваат!
14. Многу месо има во оваа виршла!
15. Македонските национални телевизии нема повеќе да емитуваат турски серии.
16. ВМРО: Македонија е последна во Европа.
17. СДСМ: Македонија е лидер во Европа.
18. Заев и Груевски успеаја да се договорат.
19. Грција не призна под уставното име.
20. Македонскиот фудбалски репрезентативец постигна хетрик!
21. Македонската фудбалска репрезентација ќе учествува на Европското првенство во фудбал!