Skip to main content
Светско првенство.
Маж барал слободно место веднаш до теренот за да може сè убаво да види. Кога седнал, забележал дека седиштето до него е празно. Го прашал тој преку празното седиште дали на празното место, сепак, некој седи, на што тој му одговорил со „не“. Мажот на глас искоментирал дека не може да поверува дека е светско првенство, а дека има празно седиште. На тоа, другиов му рекол: „Па тоа место всушност е мое. Требаше да дојдам со сопругата, но почина. Ова е прво Светско првенство откако сме венчани, а да не сме заедно.
„О, многу ми е жал што го слушам тоа, тоа е страшно. Зарем не можевте да пронајдете некој друг, роднина, сосед, пријател…“, прашал мажот, а овој му одговорил:
„Не можев, сите се на погреб“.
Богат дедо оди на доктор и вели:
– Докторе, имам сè, бизнис, пари, куќа, јахта, но жена ми не може да забремени.
– Колку години има таа?
– 25.
– А вие?
– 75 години.
– И вашата жена не може да забремени?
– Да!
– Тогаш отидете со јахтата со својата жена, земете си и млад асистент со вас, за да не ви трпи бизнисот, и направете едно долго патување. Морскиот воздух чуда прави.
Два месеци подоцна, дедото повторно доаѓа кај докторот, става шише виски на масата и вели:
– Повелете докторе, за вас. Ви благодарам за прекрасниот докторски совет што ми го дадовте. Жена ми е бремена.
– А помладиот асистент? – прашува докторот.
– Знаете докторе… И таа е бремена. Морскиот воздух навистина чуда прави!