Skip to main content
Седеле Трпе, Цветко и Стојко во кафана и паднало муабет за бабите (тештите).
Цветко:
- Бабата кога почина ја закопаме под еден стогодишен даб, многу убаво место.
Стојко:
- И јас и најдов убаво место на бабата кога почина, под еден орев, сенка дебела.
Трпе го вади телефонот и ѕвони:
- Ало, бабо, што правиш?
- Еве зете, си гледам Турски серии.
- Гледај, гледај, само да знаеш дека додека ти си гледаш серии, луѓето си ги фатиле убавите места!
Умира Трпе и застанал пред портите на рајот. Доаѓа Господ и му отвара.
- Господе, јас сум Трпе и живеев праведен живот. Мслам дека сум за тука.
- Да Трпе, за тука си. Сигурно си гладен, ќе јадеш ли со мене?
- Зошто да не.
Отворил господ рибина конзерва, седнале и почнале да јадат. Додека јаделе, гледа Трпе долу во пеколот како јадат печено месо, пијат вино, трешти музика..
На другиот ден пак конзрва а во пеколот печено прасе. Трпе го прашал Господ:
- Господи, се извинувам ама нешто не ми е јасно, ние тука во рајот јадиме конзерви а оние во пеколот се гостат со се и сешто!
- Трпе, како да ти кажам, не се исплатува да готвам само за двајца.