Доктор на науки предава пред голема публика на Оксфорд...
– Храната која ние ја ставаме во нашите стомаци не убива постепено од години. Црвеното месо е полно со холестерол и вештачки бои. Безалкохолните пијалоци ја напаѓаат слузницата на желудникот. Кинеската храна е наполнета со мононатриум глутаминат – вкусот кој убива. Транс мастите и холестеролот се катастрофални и никој од нас не ги сфаќа долгорочните штети предизвикани од бактериите во нашата вода за пиење. Но, постои едно нешто што е најопасно од сите и повеќето од нас веќе го пробале или ќе го јадат. Може ли некој тука да ми каже која е храната која ни предизвикува најмногу мака и страдање со години, откако ќе ја изедеме?
По неколку секунди со тивок, придушен глас од предниот ред се јавува 70-годишен маж и тивко вели:
– Свадбената торта?!

Проблемот не е во тоа што жената го командува мажот во семејството, туку во фактот што крајно погрешно командува. Драги жени, еве неколку докажано функционални команди за мудар семеен менаџмент:
– Доста миеш чинии!!! Марш на риба!!!
– Не сакаш да јадеш чорба? Тогаш ќе јадеш пржена шницла…
– Што само ја меркаш убавата комшивка, целиот влез веќе ја помина, ќе помислат дека сум се омажила за „обратен“…
– Не сакам крзнено палто и ракавици! Дотерај си ја колата и купи и поубав ауспух да не ме срамиш пред луѓето…
– Сакам да се поправиш!!! Твоето сало ме возбудува, а чкембето ти е поудобно од воден кревет…
– Другите мажи веќе шестата ракија ја пијат, а ти се лигавиш со втората!!!
– Наместо да играш Бељот со пријателите, ти ми седиш во куќи!? За тебе кафани нема ли?
– Дојди веднаш и направи ми еден полн третман, оти многу сум уморна и главата ќе ме прсне.