Тројца домазети, си пиеле во кафана. Но дошло време да се затвори кафаната, а на домазетите уште им се пиело… но каде? Едниот рекол:
– Кај мене дома нема шанси, знаете како е… ќе ме стрелаат… Другиот и тој така… Третиот рекол:
– Во ред, одиме кај мене!
Одат и овој ги крева сите на нозе, жена, баба, дедо, ги постројува и цела ноќ ги служат како во хотел со пет ѕвезди… салати, ракии, мезиња, вино…
Цела ноќ тројцата уживаат, а семејството лета. Си тргнуваат двајцата наутро и едниот вели:
– Ние ли сме домазети, нас за вакво нешто ќе не иселат од дома… а ти како си ги строил, како ти успеа?
– Па… како да ти кажам… Кога влегов прв пат во оваа куќа, едно куче ми залаја… извадив и му дадов жолт картон. Наредниот ден, пак ми залаја… му извадив втор жолт картон, трет пат ми залаја… му извадив црвен картон, ја извадив пушката и го застрелав!
Сите овде имаат по два жолти картони…