Маж пие утринско кафе чита весник и открива дека тој е среќен добитник на лотарија.
Рекордна добивка од 1 милион евра.
Среќен оди на работа, директно во канцеларија на шефот, да си даде оставка.
Пред да почне да збори неговиот шеф му кажува дека ќе мора да го прогласи за технолошки вишок, му се извинува и му понудува голема отпремнина.
Среќен, одлучува да си купи нова кола. Влегува во најблискиот автосалон и во тој момент слуша ракоплескање, огномет, шампањ!
Продавачот се приближува и вели:
Вие сте нашиот 1,000,000 посетител и добивате наградата бесплатно најновиот модел Волво!
Шокиран и среќен вози со колата дома, си става чаша виски, и од прозорецот гледа како со колата доаѓа неговата жена.
Таман да премине улица камион удира во колата а потоа се пали и експлодира.
Сопругот ја крева чашата виски и мрмори:
Ти eбem живот, значи кога ќе ти тргне... Тргнато е, кога ќе оди, стварно ти оди!
Мажи вежбаат во бодибилдинг клуб и ѕвони еден мобилен телефон.
Еден од мажите се јавува и вели:
- Ало.
- Драги ти ли си?
- Да, кажи.
- Вежбаш ли?
- Да.
- Јас сум во една продавница за кожни палта.
- Гледам едно прекрасно палто на попуст.
- Колку чини?
- 25.000 денари.
- Добро, купи го ама избери си и една чанта која ќе одговара со него.
Жената видела дека денес е нејзиниот ден и рекла:
- Драги, нели ти спомнав дека мама сака да дојде да живее со нас.
- Што велиш да ја поканиме еден месец пробно да живее и потоа ќе зборуваме.
- Добро, добро, но немој да бараш ништо повеќе.
- Нема, те сакам. Чао.
Мажот го затвара телефонот и прашува:
- Некој да не знае чиј е овој телефон???
УЧТИВ – кога ќе прдне вели Пардон.
ЦИНИК - кога ќе прдне ве гледа во очи.
КАВАЉЕР - ја пушта дамата прва да прдне.
ГУРМАН - прднува за сопствено задоволство.
ЧУВСТВИТЕЛЕН - кога ќе прдне вели ОХ.
ИДЕАЛИСТ - прдува за уверување.
ВЕСЕЉАК - кога ќе прдне вели - Кој прди зло не мисли.
СЕНТИМЕНТАЛЕН: кога ќе прдне си мисли колку би било убаво доколку не ни прднал.
НАИВЕН - прди и си мисли дека направил големо дело.
ДОБРО ВОСПИТАН - пред да прдне ве замолува за дозвола.
ГОРОПАДНИК - прднува за да се тресат прозорците.
РЕАЛИСТ - го смета прдењето за нормална работа.
НЕСТРПЛИВ - едвај чека да прдне.
ЕГОИСТ - прднува сама за себе
ПЕСИМИСТ - сеуште не прднал, а мисли дека се пострал.
ДВОЛИЧЕН - прднува и прашува кој прнал.
ДИСКРЕТЕН - прднува и вели - нека остане меѓу нас.
КОЛЕГИЈАЛЕН - дава прилика и другите да прднат.
НЕВНИМАТЕЛЕН - прднува и се посерува во гаќите.
СНОБ - прднува само во друштво.
ГЛУМЕЦ - прднува и чека аплауз.
СПОРТИСТ - ако некој прдне еднаш, тој прднува два пати,за да го сруши рекордот.